Кредибилитет се стекнува со потврдени вести, а не со написи „во магла“
Објавено во Рецензии
on 19 - 05 - 2016 Автор: Ferikan IljaziНапис: Скандалозно: Мендух Тачи да го земе Садики на испитување за „скандалот“ на неговиот возач!
Друг скандал ја потресе општина Студеничани. Како што најави Агенцијата на вести Журнал пред неколку денови, овој пат оваа општина се потресе поради тоа што возачот на Општина Студеничани, e уапсен во Франција од страна на Француската Полиција за незаконски дела.
ШОФЕРОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САДИКИ СЕ НАОЃА ВО ЗАТВОР ВО ФРАНЦИЈА, ЗЕМА МЕСЕЧНА ПЛАТА ОД ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ!?
Журнал од сигурни извори дозна дека се работи за шоферот со иницијали Р. С. кој е роднина на градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садики. Споменатиот возач пред неколку месеци отишол во Франција, меѓутоа поради едно кривично дело што го извршил на територија на Франција, тој беше уапсен од страна на француската полиција и судот му одреди казна затвор. Моментално возачот од село Студеничани се наоѓа во еден француски затвор.
Скандалот станува уште поголем поради тоа што овој возач, додека престојува во некој француски затвор зема плата од Општинската Администрација на Студеничани. Доказ за ова е и платниот список за сите вработени од Општина Студеничани. Во овој список се наоѓа и возачот на Азем Садики. Доказ за ова е и еден извештај од Управата за јавни приходи, кој јасно покажува дека споменатото лице зема месечна плата, а исто така, друг доказ е и извештајот од Агенцијата за вработување.
Инаку, лицето Р. С. кој според евиденцијата на Општина Студеничани е шофер на градоначалникот Садики, на нелегален начин зема месечна плата од Општина Студеничани.
Се уште немаме информации дали за ова е известен лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и дали Тачи ќе реагира во наредните денови за овој голем скандал, но половина од жителите на оваа општина ќе бидат шокирани по оваа вест, бидејќи да бидеш во француски затвор и да земеш плата од Општина Студеничани, нема никаде во светот. Журнал дознава дека по овој скандал ќе интервенираат жителите на општината и ќе побараат отчет од градоначалникот, Азем Садики. Меѓутоа, ќе реагираат и државните институции. Журнал овие денови ќе донесе уште попотресни докази околу функционирањето на Општина Студеничани.
[Рецензија – Скандалозно: Мендух Тачи да го земе Садики на испитување за „скандалот“ на неговиот возач!]
Политичката конфронтација преку порталите што држат партиски страни зела замав. Многу од нив пишуваат само за да го извалкаат противникот, заборавајќи ја целта на новинарската професија. Се пишува убедено и за да се убеди, но без факти, без аргументи, само празни текстови со големи дози на коментари.
Линк до оригиналниот напис: Скандалозно: Мендух Тачи да го земе Садики на испитување за „скандалот“ на неговиот возач!
Датум и време на објавување: 25.04.2016 во 12:47
Датум на рецензирање: 10.05.2016
Рецензент: Ферикан Илјази
Овој текст што го рецензираме изгледа сакал да му наштети на Градоначалникот на општина Студеничани, обвинувајќи го за нешто што не зависи од него. Или, барем, е нешто што би можело да му се случи на секого. Градоначалникот на општина Студеничани се обвинува за делата на неговиот возач, за кого се вели дека е уапсен во Франција за некое дело.
Друг скандал ја потресе општина Студеничани. Како штонајави Агенцијата на вести Журнал пред неколку денови, овој пат оваа општина се потресе поради тоа што возачот на Општина Студеничани, e уапсен во Франција од страна на Француската Полиција за незаконски дела
На прв поглед изгледа убедливо. Ги содржи потребните елементи за информирање. Дава одговор на прашањата кој, каде, кога и што… не и дава одговор на едно од најесенцијалните прашања за да му го даде на текстот „шармот“ на новинарството. Не одговара каде ја зел информацијата, и не дава ниту еден доказ за овие обвиненија.
Споменатиот возач пред неколку месеци отишол во Франција, меѓутоа поради едно кривично дело што го извршил во територија на Франција, тој бил уапсен од страна на француската полиција и судот му одредил казна затвор. Моментално возачот од село Студеничани се наоѓа во еден француски затвор.
Тврдењата стануваат се потешки и потешки, и по некредибилни. Освен што не се појаснува какво кривично дело извршил возачот на градоначалникот, не се кажува и каква затворска казна добил, колку месеци, колку години? Изгледа текстот е напишан од „слушнато“ од „сигурни извори“, но ова не е доволно за тој да се смета како новинарски производ. Ако стануваше збор за сигурни информации од некој извор на медиумот, ова требаше да се нагласи во содржината, да се одреди неговата релевантност за дадената информација, додека сигурноста ќе растеше уште повеќе доколку беа дадени повеќе детаљи околу случајот, како на пример околу обвинението со кое се товари споменатото лице, каква казна му е одредена, и дали можеби е информиран неговиот шеф за тоа што се случило.
Скандалот станува уште поголем поради тоа што овој возач, додека престојува во некој француски затвор зема плата од општинската администрација на Студеничани. Доказ за ова е и платниот список за сите вработени од Општина Студеничани. Во овој список се наоѓа и возачот на Азем Садики. Доказ за ова е и еден извештај од Управата за јавни приходи, кој јасно покажува дека споменатото лице зема месечна плата, а исто така, друг доказ е и извештајот од Агенцијата за вработување.
Каде е тој платен список? Со што го покрива ова тврдење новинарот? Такви обвиненија не смее никако да се кажуваат без доказ. Потоа, под „редакцијата дознава“, наместо да се донесат изјаснувањата на жителите, изгледа авторот зборува и во име на жителите на Студеничани кои ги става во една група, и им го наметнува неговото мислење.
Половина од жителите на оваа општина ќе бидат шокирани по оваа вест, бидејќи да бидеш во француски затвор и да земеш плата од Општина Студеничани, нема никаде во светот. Журнал дознава дека по овој скандал ќе интервенираат жителите на општината и ќе побараат отчет од градоначалникот, Азем Садики. Меѓутоа ќе реагираат и државните институции
Во содржината на се забележува дека имало обид да се контактира градоначалникот на оваа општина, Азем Садики за да се слушне неговата верзија. Се е направено по своја глава. Со повикот кон претседателот на ДПА за да го „дисциплинира“ градоначалникот за делото на неговиот возач, текстот зел улога на реакција од некоја политичка партија.
Доколку беа сервирани сите детаљи и потребни документи околу овој настан, можеби ќе му се дадеше на читателот простор сам да процени дали може да и верува на оваа вест или не. Можеби ова ќе беше една добра иницијатива за да се дознае вистината, и од другите медиуми што ќе го проширеа истражувањето. Но, вака како што е напишано, овој текст полн со убедувања не прави ништо, само што носи можен ризик за тужба за клевета. „Светоста” на точната информација се истакнува уште од првиот член на Кодексот на новинарите на Македонија, каде пишува:
„Новинарот има право за слободен пристап до сите извори на информација, кои се од јавен интерес.
Новинарот треба да објави вистинити и потврдени информации и нема да крие есенцијални податоци или да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди, или доколку станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се нагласи и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се потврди колку што е можно.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови