verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредлив коментар „обландиран“ како вест

on 19 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

puls 24

[Рецензија: Шерифите на Заев и Спасовски се однесуваат како за нив да не постои закон!]

 

Едностран, коментаторски и недоличен текст кој е објавен во категоријата „вести“ и кој се заснова само на непроверени шпекулации, кои имаат цел да oцрнат некои личности. Како поткрепа на искажаните обвинувања во материјалот има само една фотографија, која не докажува ама баш ништо конкретно.

Написот е политички пристрасен, полн со коментари и со навредливи епитети (шериф, сељак, исфрустриран, искомплексиран), недозволиви за еден новинарски материјал.

Текстот е преземен од друг медиум, но тоа е соопштено на крајот на текстот во последната реченица.

Пулс 24 Шерифите на Заев и Спасовски се однесуваат како за нив да не постои законЛинк до оригиналниот напис: Шерифите на Заев и Спасовски се однесуваат како за нив да не постои закон!

Датум и време на објавување: 17.05.2016, 07:46

Датум на рецензирање: 18.05.2015

Рецензент: Симона Атанасова

 

ОЦРНУВАЊЕ

„Раде Јанковски, шефот на кабинет на Оливер Спасовски решил дека е шериф, па почнал да го глуми Таличниот Том, сметајќи дека е недопирлив, и решил да си паркира каде ќе стигне. На фотографијата можете да го видите автомобилот на Раде Јанковски, паркиран на тротоар во центарот на Скопје, а пред него автомобил со дипломатски регистарски ознаки. И тој, и дипломатот се еднакви во карактерната особина – сељачизам“.

На фотографијата се забележуваат три коли, од кои за едната, без никаков извор и без никаква потврда, се тврди дека е на шефот на кабинет на министерот Спасовски. Иако за тоа не постојат докази, ниту го има посочениот Јанковски на слика, сепак оваа шпекулација ѝ се нуди на јавноста како точна информација. Згора на сè, за третиот автомобил се тврди дека е дипломатски и покрај тоа што  воопшто не се гледа дека возилото е со дипломатски таблички. Дури на наводниот диполмат му е залепена навредливата кованица  „сељачизам“.

Фотографијата нема никаква атрибуција. Не се знае ниту кој ја сликал, ниту кога, ниту каде. Тоа остава простор за сомневање дека можеби се работи за стара фотографија или, пак, за најобична фотографија направена каде било, односно дека автомобилот можеби воопшто не е на Јанковски, како што се тврди во оваа тенденциозна објава.

Врз основа на ваква штура фотографија, без никаква етичка задршка и со кршење на новинарските правила, конструиран е карактерен профил не само на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  туку без никакво објаснување се нагрдува и се навредува и лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Фактички, на читателите им е понуден еден исклучително навредлив коментар „обландиран“ како вест. Во ова медиумска содржина се оцрнуваат и се дискредитираат личности кои не се прашани за мислење, што го прави написот непрофесионален, политички некоректен  и манипулирачки.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести