verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Светски заговор против ВМРО-ДПМНЕ!

on 18 - 05 - 2016       

republika

[Рецезија:СДСМ, Сорос и албанските радикали лицитираат со државата: Федерализација на македонија во три фази]

 

Овој напис прави негативна кампања против измислениот непријател. Притоа, тој непријател се пронаоѓа во домашната опозиција, албанските партии, меѓунардоднатa заедница, граѓанските организации, новинари, интелектуалци… И, како под дејство на халуцинациногени тревки, се развива приказната за светски заговор, кој на внатрешна политичка сцена успеал да пронајде следбеници за разнебитување и за уништување на македонската држава!
Во отворениот спин, ширење страв и повик на мобилизација меѓу граѓаните, потикнување на  идеолошко-партиска и меѓуетничка нетолеранција,  како единствениот спас и излез од кризата без алтернатива се нуди само една политичка опција, онаа која ја застапува ВМРО-ДПМНЕ.

http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис:
СДСМ, Сорос и албанските радикали лицитираат со државата: Федерализација на македонија во три фази

Датум и време на објавување: 15.05.2016, 15:39

Датум на рецензирање: 17.05.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ПОДИГНУВАЊЕ НА ТЕМЕПРАТУРАТА

Уште со насловот се подигнува темпертаурата против „виновникот“ и во пропагандистичко хушкање се пакува спинот во полза на партијата чии интереси треба да се одбранат. Текстот содржински  генерално има проблем со  виситинитоста и се темели на манипулации како главна алатка.
Во него не се презентирани точни и непристрасни информации врз основа на кои би можеле да се докажат изнесените ставови. Се напаѓаат личноста и интегритетот на лидерот на опозицијата, интелектуалците и новинарите, меѓународната заедница, им се накалемуват обвинанија за кои нема никаква основа и се зборува во пејоратив.

„Ментори и творци на политиката и на процесот на поделба на државата на федерални единици, му го чистат теренот  преку настапите во јавноста. Не е ниту потребно да се именуваат разните фрчкоиди или героиди. Федерализацијата е отворената карта на Заев, зад која стојат и туторите и финансиери на сите активности од блокот на Сорос, па на крај и дел од меѓународната заедница на кој, благо речено, таквиот проект би им го затворил „македонското прашање“ еднаш засекогаш“.

 

ПРЕВЕЗ ПРЕКУ ОЧИ

Пласирани се целосно погрешни тези зошто опозицијата, и не само таа, ги избегнува изборите. Се потпира на некави рејтинзи како „главна“ причина, а става „превез преку очи“ на ставот на ЕК и на целата меѓународна и домашната експертска зедница дека нема услови за фер, демократски и веродостојни избори. Се повторуваат обвинувањата за вмешаноста на странските служби и за тоа дека, наводно, странците стојат зад обидите за уривање на актуелната власт и за уништување на државата. Во една таква манипулативна функција, извадена е од контекст  изјавата на германската амбасадорка Марија Шулц , дадена на едно предвање пред македонските студенти во далечната 2009 година.

„Според ветувањето на Заев, идната федерализација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Најголемиот пример беше во март 2009 година, кога германската амбасадорка Урлике Марија Шулц се излета со платформата дека Македонија во ЕУ ќе влезе како „Северна“, а Македонците ќе го учат албанскиот јазик уште од градинките“.

 

ПОГРЕШНА КАРТА

Иако граѓаните од двете најголеми етнички заедници во Македонија последните години јасно покажаа дека нема да влезат во сценрио на меѓуетнички конфликт и дека застрашување на таа карта е минато, повторно во халуцинациско сценарио се подгрева меѓуетнички конфликт во кој влегува и Косово.

„Редефинирањето на државата Заев како лидер на СДСМ им го ветил на албанските радикали, Беса и на предводникот на радикалните албански иселеници, но и на сите албански политички фактори во земјата. Тука лежи и одговорот за молкот и за неизлегувањето на ДУИ и на ДПА на изборите. Не смее да се изостави и појавата на Беса и на различните радикални групации со поддршка од Косово со кои Заев отворено преговара“.

Во финишот на овој текст, неизбежно, во „коалицијата“ за уривање на ВМРО-ДПМНЕ се споменува и СЈО, за чие формирање гласаше и владејачката партија.

Кодексот на новинарите на Македонија  посебно предупредува дека пред изборите известувањето од политичките процеси треба да биде непристрасно и избалансирано, со професионална дистанца од  политуичките субјекти. ОБСЕ во механизмите за набљудување и за следење на изборите препорачува да се избегнуват прилози кои можат да предизвикат атмосфера на сериозни тензии во политички и меѓуетнички односи и да промовират нетолеранција, дискриминација, неагативна стереотипизација прикриени или отворени повици на мобилизација. Но, содржината што ја рецензираме го прави токму спротивното.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести