Рецензии

Обоен во бојата на владејачката партија

на 18. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го „обои“ споменикот на СДСМ „Свиткана кичма“]

  Новинарството не признава  паушални и половични информации. Написите, покрај елементите што треба да ги имаат во занаетска смисла, мора да бидат вистинити, содржајни и објективни. Во текстот што го рецензираме недостига втората страна, тој селективно ги прикажува работите, нагласувајќи ги притоа само оние кои се линија на владејачката партија. А ваквиот пристап го прави ова четиво неверодостојно и непрофесионално. Линк на оригиналниот напис: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го “обои“ споменикот на СДСМ „Свиткана кичма“ Датум и време на објавување: 12.05.2016, 18:43 Датум на рецензирање: 16.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ИМА ЗА КОНТРАБОЕЊЕТО – НЕМА ЗА БОЕЊЕТО

„Младината на владејачката партија и денес во знак на револт поради насилничкото однесување

„Одговорност“ без надлежности!

на 18. 05. 2016 | | sq

Напис: Кога Опозицискиот совет ги омаловажува националните херои!

На протестите што се организираат од страна на албанската опозиција, има и случаи кога се прави обид да се злоупотребат националните херои за да се поентира или да се добијат политички поени по секоја цена. Ова го прави и Опозицискиот совет, при што од една фотографија што пристигна на наша адреса, се гледа еден обоен банер на бистата на Скендер-бег каде што пишува:„Протестен марш, 9 мај, протестирам за правда…“ Организаторите, зад кои стојат и коорганизатори, на овој начин се обидуваат да ги искористат најдобрите синови на нацијата и да искористат сè што е албанско за маркетинг, додека од друга страна, забораваат дека играјќи со националните чувства тие ги омаловажуваат националните херои, како

Паниката без докази е пропаганда, а не новинарство

на 18. 05. 2016 | | sq

Напис: Паника кај Беса по раздорот во турската АКП?!

Дури, едно од прашањата што се раѓаат сега е дали целта на протестот е да се спореди силата со ДР-ДПА која одржа протест пред неколку денови Дали владее паника кај Движењето Беса по раздорот во турската АКП? Дали тие размислуваат да ги прекинат протестите, бидејќи привремено се прекинати финансиските средства оттаму? Овие и некои други прашања ја преплавија јавноста, еден ден пред протестот на 9 мај на Опозицискиот совет во Скопје, чиј организатор е токму оваа параполитичко движење. Сегашната изјава на турскиот премиер Ахмет Давутоглу дека ќе се повлече од позицијата, дава други сигнали за односот меѓу двајцата тамошни владетели, значи конкретно со актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. И, оваа состојба

Дрва и камења по министерката Ременски!

на 17. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Родителите од општина Илинден револтирани: Ременски не го потпишува решението за вршење дејност за новата градинка]

  Текстот што е предмет на рецензија го вперува прстот во техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, како единствен „виновник“ за неработењето на новата градинка во Општина Илинден. Но, за ваквите обвинувања не се презентира издржана аргументација, туку  како единствен „доказ“ се приложуваат изјавите на родителите. Нивните изјави, несомено, се важни за приказната. Меѓутоа, независно што родителите се соочуваат со реален проблем ( чувањето, односно згрижувањето на децата додека се на работа), сепак, тие не би можеле да ги лоцираат вистинските причини за тоа кој го кочи отворањето на градинката. Ваквите одговори  треба да се побараат од друга адреса –

Бројки истресени од ракав

на 17. 05. 2016 | |

[Рецензија: Палење, кршење, фарбање – Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос?]

  Двесте илјади евра! Толку, наводно, се проценува штетата направена со боењето на зградите и на спомениците во државна сопственост. Но, непознато е кој ја проценил штетата и како е добиена оваа огромна сума. Имено, од ниту една релевантна институција нема потврда дека навистина се работи за толку голем износ. Текстот не посочува конкретни извори што би ги потврдиле бројките што се споменуваат, а не се повикува ниту на некакави прецизни пресметки. Сите цифри се „истресени од ракав“, а се пласираат во јавноста како целосно точни информации. Линк до оригиналниот напис: Палење, кршење, фарбање – Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос? Датум и

Гневот и чувството „до ѕид набиени“ не љубат објективност

на 17. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Заев рика од Африка: Избори на 5-ти јуни нема да има] Многу лаги, гнев и навреди во само две реченици (поднасловот) и во насловната конструкција на оваа медиумска содржина. Како прво, наднасловот „Интервју за Франс прес кое го пренесе само дивината“, ја најавува лагата дека интервјуто на Зоран Заев за француската новинска агенција било пренесено само на „Франс Прес Африка“, односно на „афричкото издание на Франс Прес“. Порталот на кој е пронајдена како единствено објавена веста на агенцијата за интервјуто со лидерот на македонската опозиција, воопшто не се вика „Франс Прес Африка“. Ниту, пак, е „афричкото издание на Франс Прес“. Внимателната проверка која не одзема многу време, укажува на тоа дека веста е објавена

Многу зошто, ниту едно затоа

на 17. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Револт поради десетминутниот огномет во Скопје]

  Многу прашања и претпоставки, а ниту еден одговор. Овој новинарски напис, кој воедно е и предлог на наш читател, на публиката не ѝ  нуди ништо освен коментари. Линкуван наслов на анализираниот напис: Револт поради десетминутниот огномет во Скопје Датум и време на објавување: 13.05.2016 Датум на рецензирање: 16.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

СКУДНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот што е пред нас само скудно информира за силниот огномет, кој во петокот (13 мај 2016 г.), вечерта во 22 часот, ги вознемири жителите на општина Карпош, особено тие што живеат во близина на „Сити мол“. На самот почеток написот соопштува: „Многу граѓани, посебно жителите на Карпош беа вознемирени и револтирани од вечерашниот силен огномет кој се

Претпоставка пласирана како стопроцентна вистина

на 17. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција]

  Нема извори, нема докази, само претпоставки, а врз основа на нив не може да се гради веродостоен новинарски текст. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција  Датум и време на објавување: 11.05.2016,  13:18  Датум на рецензирање: 13.05.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 ОД НАГАЃАЊЕ ДО УЛТРАЦВРСТА ФОРМУЛАЦИЈА

Нагаѓа:

Претпоставува, се досетува, се обидува да открие, да дознае без доволно податоци. Во текстовите што се стремат да ги задоволат професионалните стандарди, не треба да се нагаѓа. Зашто според дефиницијата (Дигитален речник на македонски јазик), тоа претставува обид нешто да се дознае, ама без доволно информации. Во конкретниот

Умилкувачка објава

на 16. 05. 2016 | |

[Рецензија: Работи, но знае и да се забавува: Груевски во ноќен живот со пријателите и соработниците (ФОТО)]

  Додворувачки текст, со јасна нота на глорификација на лидерот на владејачката партија. Четиво кое нема речиси никаква информативна вредност, ама затоа книжи поени во партискиот центар за комуникации зашто ја одработува неговата работа. Ова е промотивен материјал кој треба на јавноста да ѝ ја долови „човечката страна“ на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ем многу работи, ем знае и да се забавува. Ептен умилкувачки, што изгледа дури лигаво.
Линк до оригиналниот напис: Работи, но знае и да се забавува: Груевски во ноќен живот со пријателите и соработниците (ФОТО) Датум и време на објавување: 14.05.2016 14:22 Датум на рецензирање: 15.05.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

Пулсот на манипулацијата и на срамот

на 16. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Ескпонентите работат за Албанец премиер] Еден од врвните прогресивни принципи на новинарството е вграден во преамбулата на Кодексот на новинарите. Тој им укажува на новинарите каква е нивната улога во едно демократско општество: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за зајакнување на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Во медиумската содржина што ја рецензираме не може да се препознае ниту најмала трага од вредностите што ги налага оваа препорака од Кодексот. Напротив, текстот оддишува со исклучивост и со отфрлање на слободата на изразувањето, како едно