verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бројки истресени од ракав

on 17 - 05 - 2016       

ZURNAL

[Рецензија: Палење, кршење, фарбање – Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос?]

 

Двесте илјади евра! Толку, наводно, се проценува штетата направена со боењето на зградите и на спомениците во државна сопственост. Но, непознато е кој ја проценил штетата и како е добиена оваа огромна сума. Имено, од ниту една релевантна институција нема потврда дека навистина се работи за толку голем износ. Текстот не посочува конкретни извори што би ги потврдиле бројките што се споменуваат, а не се повикува ниту на некакави прецизни пресметки. Сите цифри се „истресени од ракав“, а се пласираат во јавноста како целосно точни информации.

Палење кршење фарбање – Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос zurnal.netЛинк до оригиналниот напис: Палење, кршење, фарбање – Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос?

Датум и време на објавување: 15.05.2015, 11:59

Датум на рецензирање: 16.05.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НАФРЛЕНИ СУМИ

„Македонија вчера го чистеше срамот. Ангажирани сервиси, но и граѓани ги чистеа спомениците кои беа мета на вандализам и сквернавење од страна на протестантите на СДСМ и Сорос кои истите ги фарбаа со боја. Вандалите на СДСМ и СОРОС според досегашните проценки имаат направено штета од околу 200.000 евра. Толку државата треба да плати за да се санираат штетите.“

Иако протестите не се организирани од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ), туку од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и се непартиски, сепак написот свесно искажува невистини дека оние кои фарбале со боја, се членови на „СДСМ и Сорос“.

„За Порта „Македонија“ 15.000 евра, за Министерство за култура 30.000 евра, за УЈП 5.000 евра, за Министерство за економија 2.000 евра, за Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов 8.500 евра.

 

Досега направените пресметки откриваат и дека штетата направена на оградата на мостот „Слобода“ е во висина од 50.000 евра, а истиот износ државата ќе треба да го плати и за вандализмот врз споменикот на АСНОМ, лавовите поставени на мостот „Гоце Делчев“ и останатите спомен обележја.“

Покрај тоа што сумите се нафрлени, нејасно е  дали вкупната  штета на споменикот на АСНОМ и на лавовите на мостот Гоце Делчев е 50.000 евра или и за споменикот на АСНОМ и за лавовите, односно за секој споменик посебно е направена штета од 50.000 евра. Но, и во едниот и во другиот случај, вкупната сума не е 200.000 евра.

 

КОЈ ГИ ПРАВЕЛ ПРЕСМЕТКИТЕ?

Иако, во напишаното се употребуваат фразите како „првичните пресметки говорат“, „досега направените пресметки откриваат“, „сè уште се прават пресметки“, сепак недостига изворот на информацијата. Нејасно е која е таа институција или тело што ги правело пресметките. Овие фрази имаат цел само да го наведат читателот да помисли дека споменатите суми се точни, независно што за нив нема никаква потврда.

Не е побарана изјава од ниту една институција одговорна за зградите и за спомениците што биле обоени за да ги потврди нафрланите износи. Во написот има изјава само од Бранислав Светозаревич, директорот на Порта „Македонија“, кој воопшто не говори за суми, туку, напротив, вели: „Штетата не може да се процени“.

Нема јасна дистинкција на коментаторските елементи кои се интегрирани во текстот кој стои во категоријата вести. Исто така, во оваа објава нема ниту една реченица за мотивите и за целта на граѓанското движење „Шарена револуција“, кое за секој обоен споменик и институција има образложение зошто станале нивна мета.

Текстот е преземен од друг медиум, но тоа не е наведено ниту, пак, има соодветен линк до оригиналниот напис, па ова навидум изгледа како оригинално дело.

Фотографиите употребени во текстот, исто така, се преземени од повеќе различни медиуми, но без соодветна атрибуција и наведен извор.

Гледано во целина, имаме еден необјективен, едностран, шпекулативен материјал во кој затаиле принципите на добрата новинарска практика.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести