verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дрва и камења по министерката Ременски!

on 17 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Родителите од општина Илинден револти_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_r

[Рецензија: Родителите од општина Илинден револтирани: Ременски не го потпишува решението за вршење дејност за новата градинка]

 

Текстот што е предмет на рецензија го вперува прстот во техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, како единствен „виновник“ за неработењето на новата градинка во Општина Илинден. Но, за ваквите обвинувања не се презентира издржана аргументација, туку  како единствен „доказ“ се приложуваат изјавите на родителите.

Нивните изјави, несомено, се важни за приказната. Меѓутоа, независно што родителите се соочуваат со реален проблем ( чувањето, односно згрижувањето на децата додека се на работа), сепак, тие не би можеле да ги лоцираат вистинските причини за тоа кој го кочи отворањето на градинката. Ваквите одговори  треба да се побараат од друга адреса – од надлежните институции, во конкретниот случај Министерството за труд и социјална политика и Владата. За жал, текстот не ги дава токму тие одговори.

gradinka IlindenЛинк до оригиналниот наслов: Родителите од општина Илинден револтирани: Ременски не го потпишува решението за вршење дејност за новата градинка

Датум и време на објавување: 15.05.2016

Датум на рецензија: 16.05.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

САМО ЕДЕН АГОЛ

Написот селективно ги пренесува информациите. Тој ја прикажува само реакцијата на родителите кои вината за тоа зошто новата градинка не е отворена ѝ  ја припишуваат на министерката Ременски.

„Би сакале да ја информираме јавноста за револтот кај нас родителите од општина Илинден, поради опструкциите на  министерката и спречувањето за згрижување на новите деца, истакнуваат родителите од општина Илинден.“

Но, текстот  не информира дека на 7 април годинава, Владата на седница ги поништи сите решенија што ги донеле министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава, меѓу кои се и решенијата на министерката за труд и социјална политика. Можеби ова решение не било меѓу поништените. Ама тоа не се знае бидејќи текстот не направил таква проверка – нема изјава од ресорното Министерство или од Владата.

Исто така,  недостасува изјава од засегнатата страна – министерката Ременски, па таа самата да каже дали го потпишала решението или не. А, доколку не го потпишала, да ги соопшти причините зишто не го направила тоа.

Само, овој текст воопшто и немал  намера да го прикаже проблемот од сите аспекти. Туку  наменски да ја претстави  сликата само од аголот на власта, притоа фрлајќи дрва и камења по министерката Ременски.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести