verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Паниката без докази е пропаганда, а не новинарство

on 18 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #224 - 'Panik tek “Besa” pas përçarjes në AKP të Turqisë_! I AKTUALE_MK' - www_aktuale_mk_panik-tek-besa-pas-percarjes-ne-akp-te-tur

Напис: Паника кај Беса по раздорот во турската АКП?!

Дури, едно од прашањата што се раѓаат сега е дали целта на протестот е да се спореди силата со ДР-ДПА која одржа протест пред неколку денови

Дали владее паника кај Движењето Беса по раздорот во турската АКП? Дали тие размислуваат да ги прекинат протестите, бидејќи привремено се прекинати финансиските средства оттаму? Овие и некои други прашања ја преплавија јавноста, еден ден пред протестот на 9 мај на Опозицискиот совет во Скопје, чиј организатор е токму оваа параполитичко движење.

Сегашната изјава на турскиот премиер Ахмет Давутоглу дека ќе се повлече од позицијата, дава други сигнали за односот меѓу двајцата тамошни владетели, значи конкретно со актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. И, оваа состојба изгледа се одразила и на претставниците на Движењето Беса, кои овој протест го гледаат под притисок и голем скептицизам.

Дури, едно од прашањата што се раѓаат сега е дали целта на протестот е да се спореди силата со ДР-ДПА, кои одржаа протест пред неколку денови. Косовските медиуми минатата година излегоа со факти дека на 9 мај била инволвирана контраразузнавачката служба на претседателот Ѓорге Иванов. Имајќи во предвид дека неколку функционери на токму оваа служба се високи функционери на една партија што е коорганизатор на протестот, се поставува прашањето дали овие два настани имаат врска еден со друг и која е нивната цел.

Инаку, прашањата кои постојано продолжуваат да кружат во јавноста се од каде се финансираат овие од Беса, кои пред јавноста се „претставуваат“ како некорумпирани, кога изворите на нивното финансирање можат да бидат многу сомнителни?

[Рецензија:„Паника кај Беса по раздорот во турската АКП?!“]

Паниката е емоционална состојба што во медимите може да се пренесе преку зборови, преку опишување на состојбата, впечатоци, итн. Кој може да го направи ова подобро од лицето што ја чувствува таа паника?! Дури, доколку сакаш ова да го докажеш, нема подобар начин да се направи тоа, освен со користење на изворите, тие што се „допрени од паниката“.

Aktuale - Panik tek Besa pas percarjes ne AKP te Turqise 1Линк до оригиналниот напис: „Паника кај „Беса“ по раздорот во Турската АКП?!”

Датум и време на објавување: 08.05.2016

Датум на рецензирање: 09.05.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Во овој текст се наведени само претпоставки и можни „сценарија“, со една многу јасна цел, но која ќе ја кажеме подолу. Претпоставките што ги напишал, авторот ги насочува кон јавноста. Претпоставките се првата точка од каде што авторот почнува да истражува еден проблем, но во овој текст тие се претставени во нивната почетна форма, без да се направи ниту еден единствен потег за потврдување на тоа што се тврди.

„Дури, едно од прашањата што се раѓаат сега е дали целта на протестот е да се спореди силата со ДР-ДПА, која одржа протест пред неколку денови. Дали владее паника кај Движењето Беса по раздорот во турската АКП? Дали тие размислуваат да ги прекинат протестите бидејќи привремено се прекинати финансиските средства оттаму?

Во содржината се прави една чудна поврзаност помеѓу движењето Беса и политичките активности во Турција. Преку ова се прави обид да се создаде „приказна“ на односи, заснована на лични убедувања, без да се искористи ниту еден извор или доказ, што го збунува читателот. Во текстот не се покренуваат сомнежи за оваа „врска/однос“, туку тие се земаат како неоспорлива вистина, бидејќи авторот ни дава впечаток дека е сигурен за таа врска. Единствените сомнежи што ги посочува авторот се за влијанието што може да го има едниот фактор (настаните во Турција), врз другиот (активностите на Движењето Беса).

„Сегашната изјава на турскиот премиер Ахмет Давутоглу дека ќе се повлече од позицијата, дава други сигнали за односот меѓу двајцата тамошни владетели, значи конкретно со актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. И, оваа состојба изгледа се одразила и на претставниците на Движењето Беса, кои овој протест го гледаат под притисок и голем скептицизам“.

Текстот продолжува да се комплицира со вклучувањето на настаните од 9 мај и Агенцијата за раразузнавање, чиј претседател го именува претседателот Иванов, додека јазолот продолжува да се врзува до крај и без разврска. Наместо да истражува за да ги разјасни што повеќе неговите сомнежи и „сомнежите на јавноста“ (како што треба), авторот само ја продлабочува збунетоста и открива обвинувачки конспирации, без ниеден доказ.

Докажувањето на податоците и точноста се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што повеќе извори, најмалку од два независни извори… Доколку новинарот проценува дека недокажаната информација е од јавен интерес, тој е обврзан да ја објави, но појаснувајќи дека станува збор за непотврдена информација, пишува во Прирачникот за етика во новинарството.

„Косовските медиуми, минатата година изглегоа со факти дека на 9 мај била инволвирана котраразузнавачката служба на претседателот Ѓорге Иванов. Имајќи предвид дека неколку функционери на токму оваа служба, се високи функционери на една партија, што е коорганизатор на протестот, се поставува прашањето дали овие два настани имаат врска еден со друг и која е нивната цел“.

Поставените прашања во текстот не се насочени кон никого, не се направило обид тие да му се достават службено на некој од раководителите на Движењето Беса, кон која тежат обвиненијата во текстот, и немаме ниеден извор за да нè убеди во тврдењата. Со ова, лесно е да се заклучи дека целта на авторот била да понижи еден политички субјект, да ги извалка нивните активности, но со непознати причини. Авторот го придружил целиот текст со лични коментари, правејќи тој да изгледа несериозен, непрофесионален и неетички текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

Ниеден извор

Ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

Партиско лого

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести