verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Одговорност“ без надлежности!

on 18 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #225 - 'Kur Këshilli

Напис: Кога Опозицискиот совет ги омаловажува националните херои!

На протестите што се организираат од страна на албанската опозиција, има и случаи кога се прави обид да се злоупотребат националните херои за да се поентира или да се добијат политички поени по секоја цена.

Ова го прави и Опозицискиот совет, при што од една фотографија што пристигна на наша адреса, се гледа еден обоен банер на бистата на Скендер-бег каде што пишува:„Протестен марш, 9 мај, протестирам за правда…“

Организаторите, зад кои стојат и коорганизатори, на овој начин се обидуваат да ги искористат најдобрите синови на нацијата и да искористат сè што е албанско за маркетинг, додека од друга страна, забораваат дека играјќи со националните чувства тие ги омаловажуваат националните херои, како што е конкретниот случај со фигурата на Ѓерѓ Кастриоти – Скендер-бег.

[Рецензија: Кога Опозицискиот совет ги омаловажува националните херои!]

Пријавување на ваквите случаи е тема што допира до интересот на јавноста, но доколку новинарот сака да му излезе во пресрет на ова прашање, тогаш тоа не треба да се прави поставувајќи се себеси во улогата на (о)позиција и да дава политички критики. Неговата улога во информативните жанрови е едноставно информирање, а не и коментирање на настанот или случувањето. Во овој случај, ќе беше професионално доколку насловот беше од видот „Опозицискиот совет со летоци и кај Скендер-бег!“ Овој пристап ќе го ослободеше авторот од политичките канџи и ќе ѝ дадеше на јавноста право да суди.

„На протестите што се организираат од страна на албанската опозиција, има и случаи кога се прави обид да се злоупотребат националните херои за да се поентира или да се добијат политички поени по секоја цена. Ова го прави и Опозицискиот совет, при што од една фотографија што пристигна на наша адреса, се гледа еден обоен банер на бистата на Скендер-бег, каде што пишува: „Протестен марш, 9 мај, протестирам за правда…“

Kur Këshilli opozitar përdhos figurat kombëtare screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Кога Опозицискиот Совет ги омаловажува националните херои!”

Датум и време на објавување: 08.05.2016

Датум на рецензирање: 09.05.2016

Рецензент: Адриан Керими

Заклучоците и коментарите во продолжение, не се воопшто дел од професијата кога зборуваме за информативните содржини, а ниту задача на вршителот на оваа професија. Од една информација, новинарот преминува на коментатор и „критикувач“ на организирањето. За да го потврди тоа што го вели, дека наводно е омаловажен националниот херој Ѓерѓ Кастриоти, новинарот ќе беше конструктивен доколку интервјуираше граѓани на плоштадот, и граѓаните да го изразеа ставот што го кажува авторот, кој на овој начин ги прекршува професионалните норми.

„Организаторите, зад кои стојат и коорганизатори, на овој начин се обидуваат да ги искористат најдобрите синови на нацијата и да искористат сè што е албанско за маркетинг, додека од друга страна забораваат дека играјќи со националните чувства, тие ги омаловажуваат националните херои, како што е конкретниот случај со фигурата на Ѓерѓ Кастриоти – Скендер-бег“.

Доколку новинарот навистина бил загрижен од делото на Опозицискиот совет, ќе ја комплетираше веста. За да го избегне ова, авторот одлучил да искомбинира една вест со коментар. Доколку темата беше комплетирана, ќе беше потребно и изјаснување од компетентните органи, граѓаните, но пред сè ќе се почитуваше и уставното право на граѓаните, правото на протест, и ќе се земеше и изјава од организаторот на протестот. Можеби оваа причина не му „дозволила“ на новинарот за да не пристапи до јавноста на балансиран начин.

Напоменуваме дека  Прирачникот за етика во новинарството,  јасно одредува дека фактите и доказите се разликуваат од ставовите на новинарот и дека коментарот е посебен дел, а не дел од веста. Освен ова, на текстот му недостига автор, па макар и само со иницијали, а наместо тоа се повикува на името од редакцијата, редакција која не го цитирала ниту авторот на фотографиите во овие „околности на анонимност“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести