verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Обоен во бојата на владејачката партија

on 18 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

pres 24

[Рецензија: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го „обои“ споменикот на СДСМ „Свиткана кичма“]

 

Новинарството не признава  паушални и половични информации. Написите, покрај елементите што треба да ги имаат во занаетска смисла, мора да бидат вистинити, содржајни и објективни.

Во текстот што го рецензираме недостига втората страна, тој селективно ги прикажува работите, нагласувајќи ги притоа само оние кои се линија на владејачката партија. А ваквиот пристап го прави ова четиво неверодостојно и непрофесионално.

kontra boenjeЛинк на оригиналниот напис: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го “обои“ споменикот на СДСМ „Свиткана кичма“

Датум и време на објавување: 12.05.2016, 18:43

Датум на рецензирање: 16.05.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИМА ЗА КОНТРАБОЕЊЕТО – НЕМА ЗА БОЕЊЕТО

„Младината на владејачката партија и денес во знак на револт поради насилничкото однесување на хулиганите од СДСМ, организираше „Боење во чест на шарената револуција“.“

Уште на почетокот написот влегува со неоснована генерализација дека токму СДСМ се одговорни за однесувањето на демонстрантите (кои ги нарекува со погрдни имиња). За ваквите тврдења не се нуди ниту еден конкретен доказ.

Текстот кажува дека :

„По вчерашната промоција на споменикот „Едно евро за Вицето“ денес УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжи со како што велат, промоција на спомениците изградени од СДСМ во периодот на нивното владеење“.

Но, нејасно е од што се испровоцирани ваквите постапки. Оваа објава воопшто не споменува од каде е идејата за боење на портретите. Не кажува дека настанот, всушност, е копија (ама лоша) на  начинот на изразување на револтот на демонстрантите од „Шарената револуција“, чиј организатор е здружението „Протестирам“.

Ако се информира за контрабоењето, по редот на нештата, логично е барем фактографски да се каже од кога траaт протестите против аболицијата, колку и кои личности се аболирани,  кои се учесниците во протестите, како го манифестираат незадоволството…  А, можело да се направи и паралела на двата настана…

Сето тоа го прави овој напис несодржаен и необјективен. Според манирот во кој е напишан и пласиран, тој нема некоја допирна точка со новинарството и многу повеќе наликува на пропагандистичко четиво обоено во бојата на владејачката партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести