verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Умилкувачка објава

on 16 - 05 - 2016       

republika

[Рецензија: Работи, но знае и да се забавува: Груевски во ноќен живот со пријателите и соработниците (ФОТО)]

 

Додворувачки текст, со јасна нота на глорификација на лидерот на владејачката партија. Четиво кое нема речиси никаква информативна вредност, ама затоа книжи поени во партискиот центар за комуникации зашто ја одработува неговата работа. Ова е промотивен материјал кој треба на јавноста да ѝ ја долови „човечката страна“ на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ем многу работи, ем знае и да се забавува. Ептен умилкувачки, што изгледа дури лигаво.
1111Линк до оригиналниот напис: Работи, но знае и да се забавува: Груевски во ноќен живот со пријателите и соработниците (ФОТО)

Датум и време на објавување: 14.05.2016 14:22

Датум на рецензирање: 15.05.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

„ФАРБАЊЕ“ НА ФАСАДАТА НА ЛИКОТ НА ЕКСПРЕМИЕРОТ

Ајде, можеби и ќе поминеше како некаква си фото-вест дека, ете, фатен е шефот на владејачката партија, како во друштво со сопартијци, блиски соработници и со пријатели, се „журка“ низ Скопје. Претпоставувам дека таквата информација би била интересена за домашните медиуми што се занимаваат со забава или со „жолт печат“.

Но, онака како што е срочен вкупниот производ, фотографиите дополнети со додворувачкиот текст, навистина не може да помине ниту кај таблоидите зашто е класично мешање на вест со политичка реклама. Од написот едноставно зрачи, блика воспевање, иделаизирање и што уште не, на „работливоста“ на Груевски, кој, ете, „и покрај многуте обврски нашол време да се забавува“.

„Некаде околу 23.30 часот по завршвање на работните обврски Груевски им се приклучил на пријателите кои кратко претходно биле во кубанскиот ресторан.“

 

„По кусиот престој во кубанскиот ресторант присутните беа забележани и на отворанјето на новата летна дискотека XL (поранешно Колосеум) каде што беа присутни многу млади луѓе и градски личности. Она што беше забележително е постојаното инсистирање на гостите или минувачите кои сакаа да се фотографираат со Груевски. Тој со насмевка позитивно одговараше на барањата за фотографирање. Многу млади луѓе приоѓаа да се запознаат и да разговараат со Груевски, кој го привлече вниманието на присутните.“

 

„Насмевка“, „позитивно“, „привлече внимание“, саде комплименти кои недвосмислено се во мисија на „укалапување“ на Груевски пред јавноста, како достапен политичар, „од народот за народот“. Наликува на своевидно алиби за дел од прислушуваните разговори што во изминатата година беа објавени и го прикажуваат „народниот премиер“ во сосема поинакво светло, како елитист и човек преокупиран со моќ.

Наспроти принципите утврдени во новинарскиот Кодекс, овој материјал ептен „удира“ на агитпропство, на медиумска презентација за партиски цели.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјектичлен 14 од Кодексот на новинари

 

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансираночлен 14 од Кодексот на новинари

Обид, ама многу провиден, за „фарбање“ на фасадата на ликот на експремиерот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

насловот е промотивен

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести