verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Претпоставка пласирана како стопроцентна вистина

on 17 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

а1

[Рецензија: ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција]

 

Нема извори, нема докази, само претпоставки, а врз основа на нив не може да се гради веродостоен новинарски текст.

1111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција

 Датум и време на објавување: 11.05.2016,  13:18

 Датум на рецензирање: 13.05.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ОД НАГАЃАЊЕ ДО УЛТРАЦВРСТА ФОРМУЛАЦИЈА

Нагаѓа:

Претпоставува, се досетува, се обидува да открие, да дознае без доволно податоци.

Во текстовите што се стремат да ги задоволат професионалните стандарди, не треба да се нагаѓа. Зашто според дефиницијата (Дигитален речник на македонски јазик), тоа претставува обид нешто да се дознае, ама без доволно информации.

Во конкретниот случај, искористена е токму оваа неновинарска алатка. Намерата на неколку госпоѓи опремени со кофи и сунѓери, да ја исчистат Порта „Македонија“ од боите на „Шарената револуција“, се поврзува со тоа дека тие имаат партиска поддршка и дека по задача се пратени во мисија на вадење дамки.

Можеби е така, а можеби не. Зошто? Затоа што, написот на никаков начин не успева да обезбеди докази дека тие навистина по „директива на штабот“ дошле да чистат.

Дали се прашани? Не!

Дали има потврда од некој внатрешен извор дека се од владејачката партија? Не, апсолутно нема каков било извор!

Дали можеби има друг доказ, на пример, фотографија од некаква порака со инструкции да дојдат пред Порта „Македонија“? Не!

Имаме само претпоставки кои конечно довеле до ултрацврстата формулација:

„ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција“

Значи, во насловната конструкција има нагаѓање непоткрепено со факти кое е трансформирано во тврдење, додека во текстот е оставена опцијата дека можеби станува збор за партиска акција:

„Најверојатно се работи за акција на членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ“

Сега, што е вистинитата информација? Дека се „жени од ВМРО-ДПМНЕ“ или дека „најверојатно се жени од ВМРО-ДПМНЕ“?

Во членот 1 од Кодексот на новинарите децидно е наведено:

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Но, токму тоа не е сторено во овој нерагументиран и шпекулативен материјал, кој на читателите им е понуден како стопроцентна вистина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести