verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Хаотична монтажа на „атракции“

on 18 - 05 - 2016       

mk_wp_грpng

[Рецензија: ГРЧЕВ ВО ШОПИНГ АКЦИЈА: Човекот кој ја негира Македонската нација, купува креч и бои за молеро-фарбарската револуција!]

 

Врзувањето на одредени личности за „Шарената револуција“ се чини e мода во некои наши пишувани и снимени прилози. Во случајот се работи за архитектот Мирослав Грчев, кој, наводно, е фатен како купува боја, која потоа им служи на демонстрантите во Скопје да бојосуваат сегменти од проектот „Скопје 2014“. Еминентен архитект и „уништувачки акции“ врз градби! Каков спој!

mk_wp_грpngЛинк до оригиналниот напис: ГРЧЕВ ВО ШОПИНГ АКЦИЈА: Човекот кој ја негира Македонската нација, купува креч и бои за молеро-фарбарската револуција

Датум и време на објавување: 10.05.2016

Датум на рецензирање: 17.05.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ВЕСТА ДА ЈА БАРАШ СО „БОРИНА“

„Таканаречената молеро-фарбарска „револуција“ од ден во ден ја губи силата, која и онака ја црпеше од луѓето кои важат за дно на Македонското општество, на кои единствена причина за живот им е уништувањето и нагрдувањето на она што ги опкружува. Ваквиот нагон на овие луѓе произлегува од нивната омраза најпрво кон самите себеси, а ги мразат сите и секого. Таков е и примерот со Мирослав Грчев, човекот кој за Македонската историја, нација и култура зборуваше дека се вештачки, измислени, направени како експеримент на Титова Југославија“.

Написот не е работен со некаков логичен селективен метод, кој треба да го докаже она што го читаме во предолгиот наслов, туку претставува нафрлување, во кое изнесеното треба едноставно да се прифати „здраво за готово“.

Да одиме по ред – во текстот е уфрлен видеозапис од интервју на Грчев за некоја бугарска ТВ-екипа, при што намерно не е даден линк кон емисијата и изјавата, од која е земено само парче. Веројатно, за да не биде евентуално „заведен“ опсерваторот на прилогот кој го рецензираме или да не одгледаме една цела сторија за нас и за тоа како нè гледаат од соседството!

Но, и од тоа многу селективно парче од интервјуто (што се вели имаме класично истргнување од контекст), е јасно дека Грчев не говори за идентитетот на Македонија и на Македонците како за смешни и комични, што се тврди од авторот на прилогот, туку за идентитетот во палеолитот и во праисторијата, што е навистина карикатурално од каков било аспект гледано.

Тезата од насловот ја нема образложено посебно во прилогот, „поткрепена“ е со една фотографија која е прилично нејасна и не би можело да се тврди дека е продавница за боја (наликува на маркет), а уште помалку дека е тоа споменатиот Грчев. Впрочем, и да е, да земеме условно, можеби архитектот купува продукти (па и шеќер и сол, на пример) за дома?! Скриената камера и непрепознатливоста служат како подметнување, а не како доказ.

Делото од текстот каде се омаловажува кариерата на Грчев не треба да се коментира. Ако не е релевантен како стручњак, зошто тогаш боде очи!

Стилот, уредувањето и формата на текстот се комплетна „турлитава“ и тешко дека би поминал и во некаков ѕиден весник. Класична подметнувачка сторија, како дел од новиот примитивен жолт журнализам, каде коментарот е подолг од самата вест. А и веста треба да ја бараш „со борина“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести