verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вулгарна сексистичка објава

on 12 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

n.glas

[Рецензија: К…ОНСКАТА КАМЕЊАРКА СЕ НАДМИНА СЕБЕСИ: ПРОФЕСОРКА ПО УСТАВНО ПРАВО КАРАКАМИШЕВА НЕМАЈЌИ ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ АРГУМЕНТИ НАПИША ВРАЧЕРСКА КОЛУМНА ПОЛНА СО ТЕРМИНИ КАКО ЛУЦИФЕР, САТАНА, ЈУДА, ПЕКОЛ, ПРЕДАВНИЦИ, ПЕТОКОЛОНАШИ, ИЗДАИЦИ ИТН ИТН…]

 

Ова е дискриминаторска и сексистичка објава со вулгарен говор. Просто е несфатливо во  „текст“ од  само една реченица, како и во куриозитетниот наслов, што патем е подолг од самата објава, да се истурат толку многу навреди, гнев, па и омраза кон една личност. Без да навлегуваме во исправноста на гледиштата на споменатата професорка, начинот на кој се обраќа материјалот пред нас е недозволив.

КУРТОНСКАТА КАМЕЊАРКА СЕ НАДМИНА СЕБЕСИ Професорка по уставно правоЛинк до оригиналниот напис: К…ОНСКАТА КАМЕЊАРКА СЕ НАДМИНА СЕБЕСИ: ПРОФЕСОРКА ПО УСТАВНО ПРАВО КАРАКАМИШЕВА НЕМАЈЌИ ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ АРГУМЕНТИ НАПИША ВРАЧЕРСКА КОЛУМНА ПОЛНА СО ТЕРМИНИ КАКО ЛУЦИФЕР, САТАНА, ЈУДА, ПЕКОЛ, ПРЕДАВНИЦИ, ПЕТОКОЛОНАШИ, ИЗДАИЦИ ИТН ИТН…

Датум и време на објавување: 05.05. 2016

Датум на рецензирање: 11.05.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

УЛИЧЕН РЕЧНИК

„Кога немаш аргументи, а кога си зел пари и кога мора како бедно и расипано камењарче покрај МТВ да пушиш, тогаш мораш да се глупираш и иако си професор на УКИМ по уставно право седнуваш и пишуваш колумна како да си селски бајач – колумна полна со приказни за Луцифер, Сатана, Јуда, пекол петоколонаши предавници издаици итн итн…“

Фактички, ова е целиот „напис“! А , згора на недоличниот говор од кој натежнува оваа „содржина“, вулгарен речник е употребен  дури и за да се посочи на линкот кој води до колумната на професорката:

„Еве линк до ова спектакуларно к..инско с…е ОВДЕ

Ваквата комуникација со јавноста е непримерна и заслужува секаква осуда.

Идејата на овој материјал од три реда, врамен со наслов од пет реда(!) и испишан со приземен речник, не е ништо друго освен лична дискредитација на професорката. Во него се наведува дека таа е платена од владејачката партија, но за овие тврдења не се нудат никакви докази.

ОВА НЕ Е НОВИНАРСТВО!

На читателите им е понудена една сексистича и дикриминаторска медиумска содржина, која користи уличен говор и етикетира. Несогласувањето со ставовите на професорката, никако не може да биде оправдување за користење на вакви навредливи зборови. Тоа не е новинарство!

Манирот во кој е напишана и пласирана оваа објава е во спротивност со принципите искажани во новинарскиот Кодекс и насоките во Прирачникот за етика во новинарството. Овие документи укажуваат дека новинарите имаат посебна одговорност за јавно искажаниот збор, како и тоа дека нивните ставови се важни фактори во обликувањето на јавното мислење, поради што говорот на омразата е неспоив со новинарската етика.

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). (член 10)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (Член 13)

 

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (Член 15)

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. (Член 16)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести