Текстот не ги гледа тепачите, а виде платеници!
Објавено во Рецензии
on 12 - 05 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните?]
Ова е едностран текст кој е политички мотивиран, односно има цел јавно да обележи и да жигоса политички неистомисленици.
Линк на оригиналниот напис: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните?
Датум и време на објавување: 09.05.2016
Датум на рецензирање: 11.05.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ЖИГОСУВАЊЕ
Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот имаме жигосување на активист на левичарското движење „Солидарност“, како „платеник и соросоид“.
„Еден од соросовите платеници вчера се обиде да го злоупотреби и исполитизира скопскиот маратон со транспарент на кој беше испишана политичка порака. Ваквиот негов потег го поттикна гневот кај граѓаните.“
Прво, нејасно е од каде посочениот е „соросов платеник“, како што се истакнува во написот, односно дали медиумот кој ја пласирал оваа вест располага со конкретни и цврсти докази. Второ, нејасно е кои се тие граѓани кои биле бесни од содржината на транспарентот што го држел посочениот активист.
Имено, како што објавија од Солидарност, на нивната веб – страница, луѓето кои физички го нападнале нивниот активист биле најверојатно луѓе од обезбедувањето на Град Скопје. Доколку ваквата информација е точна, тогаш во никој случај не може да стане збор за револт на случајни граѓани. Ваквата реакција од Солидарност, не е пренесена во овој напис, што го прави едностран и новинарски непрофесионален.
Текстот и во завршниот дел го жигосува активистот на Солидарност, повикувајќи се на напис на Мирка Велиновска:
„Токму за Цацановски новинарката Мирка Велиновска во текст насловен („Нема паравда, нема мир“, за да има пари!) пред две недели пишуваше дека е главен во Оперативниот штаб на СДСМ и СОРОС.“
Од Солидарност, исто така, реагираа на ваквиот текст на Велиновска, посочувајќи дека:
„Нашата посветеност на протестите ја тера Велиновска да го опише ЛД „Солидарност“ како терористички „оперативен штаб“ на имагинарните „странски служби“ и „мрачни сили“ кои ја уништувале Македонија.“
Се разбира, и за ваквата реакција не се најде место во овој напис.
Кога некој се напаѓа, професионално е да се пренесе и негов став или, како во случајов, став на организацијата, чијшто член е Цацановски. Намерата на овој текст е очигледна, а тоа е без никакви цврсти докази и факти да се нападне политички неистомисленик и да се одвлече вниманието од инцидентот, во кој беше нападнат граѓански активист.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делуимно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови