verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Изедначувањето на ИД и на „Шарената револуција“ е надвор од здравиот ум

on 16 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија: ФОТО: Покрај од Бали, поддршка за „Протестирам“ стигна и од ИСИС]

 

Текстот што е предмет на оваа анализа става знак на равенство помеѓу терористичката организација Исламска држава (ИД) и граѓанската иницијатива „Шарена револуција“. Иако, навидум, тој треба да биде сатиричен, сепак, воопшто не е ниту смешен ниту интересен.

Фотографијата употребена во овој текст е монтирана, а написот  е објавен во категоријата „вести“ и никаде не е наведено дека е статирчен или невистинит материјал, што несомнено е направено со манипулативна цел.

ФОТО_ Покрај од Бали, поддршка за „Протестирам“ стигна _ - http___zurnal.net_Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Покрај од Бали, поддршка за „Протестирам“ стигна и од ИСИС

Датум и време на објавување: 07.05.2016, 14:23

Датум на рецензирање: 13.05.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

 ИД  И „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ НЕ СЕ ИСТО

На фотографија од ИД, снимена во јули во храмот Палмира во Сирија, каде што милитантната група обезглави 25 момчиња, монтиран е хаштагот #Протестирам, под кој се водат протестите на „Шарената револуција“. Фотографијата е монтирана, но тоа во текстот не се посочува, па да можат читателите да знаат дека тоа што го гледаат не е вистинито. Според начинот на кој е конструирана и пласирана „веста“, видливо е дека не е во прашање ненанмерен пропуст.

„Дел од опозициските медиуми денеска објавија дека соросовите протестанти на таканаречената „Шарена револуција“ добиле поддршка дури од Бали.
Со оглед на тоа што „Протестирам“ и ИСИС имаат исти методи на рушење на спомен-обележја и споменици кои се културно наследство, поддршка стигна и од ИСИС.“

Споредбата на „Шарената револуција“ со Исламска држава (ИД) е целосно погрешна, неоснована и тенденциозна. Двете движења се целосно различни и немаат ниту една допирна точка.

ИД е терористичка организација чии припадници досега убиле стотици воени заробеници и илјадници цивили. На подрачјата под своја власт воведуваат закони кои вклучуваат смртна казна, мачење и осакатување. Во Исламската држава, исто така, се спроведува политика на етничко чистење на малцинското население, како и прогон на верските малцинства. Милитантите на Исламската држава во своите редови регрутираат и деца, а злосторствата насочени против жените вклучуваат силување и киднапирања.

„Шарената револуција“, од друга страна, е граѓанско движење кое веќе еден месец мирно протестира против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници. Демонстрантите на „Шарената револуција“ се борат за правда и за демократија и здружени протестираат во име на слободата, правдата и на еднаквоста. Протестите се ненасилни, а името „Шарената револуција“ го доби откако демонстрантите почнаа да фрлаат балони со боја врз спомениците од „Скопје 2014“ и  кон одредени институции, во знак на револт поради криминалното и корумпирано владеење на актуелната политичка елита. Освен тоа, „Шарената револуција“ е симбол и на шареноликоста на протестите. Таму има луѓе од различна возраст, пол, верска, етничка и политичка припадност.

Оттаму, каква било компарација и изедначување на ИД и на „Шарената револуција“ е надвор од здравиот памет.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести