verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Брошура за пропагандна војна во костим на статија

on 3 - 05 - 2016       

Republika - Pisarev

[Рецензија: Започна сценариото на Заев за виткање на кичмата на државата]

 

Рецензираме текст на непотпишан автор, кој по својот габарит од девет новинарски страници или 11.962 карактери, повеќе личи на брошура, на пропаганден памфлет, со многу тенденциозни фотографии сечени, лепени и монтирани, а најмногу на специјална војна против опозицијата, граѓанскиот сектор, угледни интелектуалци и јавни работници, новинари, универзитетски професори… Со еден збор, против сите што се на спротивната страна од власта.

Како и во секоја војна, употребени се валкани алатки и оружја – невистина, навреди, дисквалификација, измислици, пропаганда… Нема факти, нема аргументација за кажаното, нема извори, освен повикување на „мојот брат“ – исто така лажго, на друг медиум од истото крило.

 

Започна сценариото на Заев за виткањеЛинк до оригиналниот напис: Започна сценариото на Заев за виткање на кичмата на државата

Датум и време на објавување: 25.04.2016  12:02

Датум на рецензирање: 27.04.2016

Рецензент: Александар Писарев

ЗАПЛАШУВАЊЕ НА НАРОДОТ

Текстот добива „тежина“ со самиот наслов, кој шири паника и истовремено со прстот покажува кој е виновен за тоа: „Започна сценариото на Заев за виткање на кичмата на државата“, и ја констатира „штетата“ која тој, како лидер на опозицијата, „ја причинил на државата“. Факти со кои оваа теза би се докажала не може да се препознаат во пламењата на омразата и во навредите кои следуваат.

„Платени дежурни протестанти, насилство врз институциите и државата, во толпата хулигани платеници од други држави, многу пари од СОРОС и соросовите клонски организации, протести на УЧК, и барања за рекомпонирање на државата… и желба по секоја цена за продлабочување на кризата наместо разговори и дијалог е на кратко описот со кој се сака да се свитка кичмата на државата.“

 

ЕЛЕМЕНТИ ЗА ТУЖБА
Текстот содржи бројни елементи за тужба, која, во правна држава, би се процесуирала, а авторот би одговарал за навреда и за нанесена душевна болка на илјадници луѓе. Бидејќи без докази, без повикување на факти, по име и презиме ги навредува и ги жигосува плејада интелектуалци, научни и културни работници, универзитетски професори, пратеници, новинари, граѓански активисти, само затоа што се на спротивната страна од власта и учествуват во протести против неа, што, инаку, е нивно со устав загарантирано право.

„Профилот на луѓе кои протестираат се платеници на СОРОС, странски елементи и платеници, навивачки хулигани, криминалци, и луѓе вработени во општините на СДСМ под закана за бркање носени на протести На протестите на СДСМ може да се забележат истите ликови и фронтмени на сите минати протести од оваа партија. Истите илјада луѓе кои вршат терор врз целиот град Скопје претходните две години. Во хулиганството и низата напади учествуваше и: …“

 

СВЕТСКИ ЗАГОВОР И КЕЛНЕРСКИ ЕСАП

Во недостиг од факти и од цврсти извори кои би ја поткрепиле тезата, најлесно е да се повикува на конспирација. Вообичаено во ваквите конструкции се зборува за странски служби, чие име никако да се спомне и нивни домашни „платеници, кои се продаваат за 50 евра“. Ова тврдење е поткрепено со „извор“. Авторот се повикува на некаков текст – анализа на Драган Павловиќ-Латас, но не дава линк, како што е ред, не дава наслов или датум кога и каде е тоа објавено, само го цитира и ја пренесува неговата „келнерска математика“, колку пари потрошил Сорос и колку е тоа преведено во сендвичи.

„Сега јавна тајна е дека за дневница од 50 евра па нагоре се платени истите луѓе да протестираат. Дека се во игра сериозна сума на пари со која се плаќаат протестантите на СДСМ пишува и главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас, кој прави паралела… Тие што вас ве водат, од Сорос и Канвас, примаат по десет илјади евра за секој протест. Да, десет илјадарчиња по протест. Тоа се отприлика дваесет илјади сендвичи секој ден. А вие ни хартијата од тие сендвичи ја немате за себе.“

 

ПОЛИЦИСКИ ТЕФТЕР И ГОЛЕМОТО УВО
Не е потребна голема мудрост да се открие дека „соработник“ на „брошурата“ била и полицијата. Авторот на текстот открива детали од најновото прислушување на разговорите во седиштето на опозицијата и дошол до податокот дека протестите се организирани во соработка со странците од соседна Србија.

„Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер. Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“…“

СЛИКИ ОД ПОЛИЦИСКИ ОБЈЕКТИВ
Бројни фотографии во текстот отворат сомнеж дека се преземени од полициските архиви и на нив, што е спротивно на сите меѓународни и домашни новинарски кодекси, е тенденциозно интервенирано, што може да се протоллкува како повик на мобилизација против ликовите кои се обележани и етикитирани на фотографиите како „платеници на СОРОС, странски елементи и платеници, навивачки хулигани, криминалци“.

На крајот, како шлаг на тортата, следи спин во полза на актуелната власт и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Односно, според текстот, „39.5  проценти на граѓаните единствено имат најмногу доверба во Никола Груевски, а ако изборите би биле на 5 јуни, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 39,2 проценти на  граѓаните“.

Целово писание не може да се оценува според новинарските стандарди, па затоа е илузорно да се набројуваат одредбите на домашните и на меѓународни кодекси, кои генерално укажуват како треба да се известува за политичките процеси, а особено пред избори.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести