verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

На пораките без докази не им е местото во новинарството

on 3 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ZURNAL ZA BESA

Напис: „Заев со порака до Беса“ Вие сте „наши“ и не излегувајте на протести?!

Неофицијално, новинската агенција „Журнал“ од сигурни извори дознава дека лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев, побарал од движењето Беса да му даде беса дека нема на учествува на денешните протести организирани од ДР-ДПА, другите партии и од граѓаните Албанци.

На денешните масовни протести на кои учествуваа илјадници граѓани Албанци, кои го искажаа својот револт против неправдите кои им се прават на Албанците и против режимот на Груевски, беше очигледно дека Опозицискиот совет и движењето Беса не учествуваа.

Иако пред неколку дена движењето Беса преку една изјава за медиумите пренесе дека тие ги поддржуваат сите протести кои тежнеат кон уривање на овој диктаторски режим, особено кога се работи за газење врз достоинството на Албанците.

Вреди да се спомне дека движењето Беса беше присутно на сите протести организирани од лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев, но денеска тие решиле да не ги поддржат и да не бидат присутни на протестите на кои учествуваа само граѓани Албанци.

Инаку, во јавноста, движењето Беса се претставува како движење кое се залага за правата на Албанците, особено кога се работи за монтираните случаи како „Монструм“, „Сопот“, „Диво Насеље“ и др., но тие не излегоа заедно со нивните роднини да го кренат својот глас против овој режим.

Движењето Беса мисли дека народот верува во нивните „жални“ изјави, во кои тие божем го искажуваат своето сочувство токму за овие случаи, а денеска кога требаше да се наредат во првите редови, рамо до рамо со тие што протестираа и со роднините на споменатите случаи, тие од Кале гледаа „серии“ и, како што дознава „Журнал“, од љубопитност пуштија еден дрон за да видат колку протестанти имало на денешните протести, за да направат споредба со протестите што тие ги организираа пред една година.

[Рецензија: „Заев со порака до Беса“ Вие сте „наши“ и не излегувајте на протести?!]

За рецензираниот напис е очигледно дека е тенденциозен и дека е напишан за да дискредитира една политичка партија, во конкретниот случај движењето Беса. Новинарот има право да се повикува на анонимни извори, но во овој текст, се гледа дека тоа е само еден претекст за да се осудува, затоа што во продолжение целиот текст е само коментари, а не вистински новинарски продукт кој има цел да ја информира јавноста.

-Zaevi me porosi BESËS Ju jeni ton t dhe mos dilni në protestaЛинк до оригиналниот напис: „Заев со порака до БЕСА” Вие сте „наши“ и не излегувајте на протести?!

Датум и време на објавување: 22.04.206

Датум на рецензирање: 23.04.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

Новинарот со ниту еден аргумент не го докажал своето тврдење дека на протестите навистина немало присутни претставници на движењето Беса и на Опозицискиот совет.

„На денешните масовни протести на кои учествуваа илјадници граѓани Албанци, кои што го искажаа својот револт против неправдите што им се прават на Албанците и против режимот на Груевски, беше очигледно дека Опозицискиот совет и движењето Беса не учествуваа.“

Тоа што требало да го направи новинарот во овој случај е да контактира со претставници на движењето Беса и на Опозицискиот совет и да ги праша дали учествувале на овие протести или не.

Во продолжение, текстот преминува во коментари од авторот и го губи својството на еден информативен напис.

„Движењето Беса мисли дека народот верува во нивните „жални“ изјави, во кои тие божем го искажуваат своето сочуство токму за овие случаи, а денеска кога требаше да се наредат во првите редови, рамо до рамо со тие што протестираа и со роднините на споменатите случаи, тие од Кале гледаа „серии“ и како што дознава „Журнал“, од љубопитност пуштија еден дрон за да видат колку протестанти имало на денешните протести, за да направат споредба со протестите што тие ги организираа пред една година.“

Личните ставови на новинарот не треба да бидат дел од една вест, тие можат да се стават во рубриката за мислења, но не и на таа за информации.

Во етичкиот Кодекс на новинарите, кажано е многу јасно дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и аргументите.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Новинарите имаат право на свое мислење, став и процена, но не смеат личните мислења да ги камуфлираат како да се факти.

Треба јасно да бидат поделени кои се факти, а кои информации и кои се коментари, хипотези или ставови на авторот за да се избегне дезинформирање и манипулација со јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести