verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација со слика – стара фотомонтажа за „нова“ вест!

on 3 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #152 - 'Albeu_com - Dhunohet gazetari Milenko Nedelkovski' - www_albeu_com_maqedoni_dhunohet-gazetari-milenko-nedelkovski_2420

Напис: Нападнат новинарот Миленко Неделковски

Неколку дена по претепувањето на телохранителите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, македонскиот портал „Доказ“ известува дека вчера, околу 17 часот, во скопската кафеана „Лезет“ e претепан и провладиниот новинар Миленко Неделковски. Учесниците на тепачката се познати за македонскиот портал.

Новинарот Миленко Неделковски е познат по својата албанофобија./Албеу.цом

[Рецензија: Нападнат новинарот Миленко Неделковски]

Новинарот треба да биде многу внимателен при пишувањето на една вест! Информацијата првин треба да се потврди, а потоа да се пренесе како вест. Никогаш не треба да се игра на картата на намерно погрешно толкување. Во овој случај, не станува збор за текст што го омаловажува или загрозува интегритетот на посочената личност, туку за манипулација со мултимедијални елементи, при што има обид да се пласира една информација, која во ниеден случај не го докажува тоа што стои во текстот. Поставената слика во текстот е фотомонажа и тоа се гледа многу јасно. Не треба да бидеш експерт или искусен оценувач за да дојдеш до заклучок дека сликата е преправена. Освен тоа, тоа e стара фотомонтажа која беше актуелна пред околу една година, и сега, преку овој текст, се „реактуелизира“ и се продава како нова вест.

Во насловот пишува дека е тепан, но никаде не може да се најде макар и една слика што го потврдува тоа што е напишано во насловот. Ова, без соодветни докази, содржината на текстот ја прави тенденциозна и добива форма на клевета. Освен тоа, гледано од професионален аспект, постои ризик овој напис да поттикне и насилство.

„Неколку дена по претепувањето на телохранителите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, македонскиот портал „Доказ“ известува дека вчера, околу 17 часот, во скопската кафеана „Лезет“ e претепан и провладиниот новинар Миленко Неделковски. Учесниците на тепачката се познати за македонскиот портал.

Dhunohet gazetari Milenko Nedelkovski screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Нападнат новинарот Миленко Неделковски”


Датум и време на објавување:
21.04.2016


Датум на рецензија:
21.04.2016


Рецензент: 
Адриан Керими

 

За да се разјасни дилемата дали навистина е нападнат еден контроверзен водител како Миленко Неделковски или, пак, како што се нарекува во текстот, албанофоб, не требало да се известува под влијание на емоциите, туку да се побара изјава од личноста, која во овој случај повеќе е жртва на новинарството, отколку на еден физички напад. За јавноста поинтересен би бил мотивот за нападот, отколку самиот напад. Но, авторот не се интересирал за мотивот, туку за самиот акт. Ова, всушност, не е новинарство затоа што новинарот е тој што треба да ја претстави веста со сите нејзини елементи и да му ја понуди на читателот вистината базирана врз факти и врз релевантни докази.

 

„Новинарот Миленко Неделковски е познат по својата албанофобија./Албеу.цом“

Во текстот не се забележува ни пристрасност ниту, пак, непристрасност. Ова е така поради фактот што авторот не побарал изјава ниту од „жртвата“, а ниту, пак, од одговорните органи, кои би ја потврдиле или, пак, би ја демантирале информацијата. Логично и професионално ќе беше да се побараше изјава од самата жртва и да се слушнеше неговата верзија за нападот, доколку истиот навистина се случил.

Ова се однесува на професионалниот дел, а тоа другото, е етичкиот дел. Новинарот треба да биде внимателен кога известува, особено кога станува збор за прашања од јавен интерес. Што ако нападот на оваа личноста нема врска со јавниот интерес? Што ако причините се приватни и лични? Поради ова, пред да се објави, информацијата треба да помине низ филтерите на професионалните правила, треба да подлежи и на тестот наречен оценување на јавниот интерес.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

Поттикнувачки говор

Употребува поттикнувачки говор

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

Фотомонтажа

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести