verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прикривањето информации е свесна манипулација со јавноста

on 14 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #120 - 'Prokuroria speciale paralajmëron hetime të reja, V_' - www_tetovasot_com_2016_03_prokuroria-speciale-paralajmeron-het

Напис: Специјалното Обвинителство најавува нови истраги, ВМРО ДПМНЕ го менува законот за кривична постапка

По најавите на Специјалното обвинителство за засилени истраги и за нови отворени случаи, ВМРО-ДПМНЕ сака по забрзана постапка да го измени Законот за кривична постапка, со кој на обвинетите им се дава поголем рок за одбрана, како и можност за спогодба со обвинителите.

Предлогот за измена на овој закон е прифатен во Собрание, а го предлага пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска.

„За време на информирањето, врз основа на член 2, одбраната има право во рок од 90 дена да ја подготви одбраната, во согласност со член 305 и со член 311 од овој закон“, се вели во објаснувањето на предлозите за измена на овој закон. Со ова, рокот од 15 дена за одбраната се продолжува на 90 дена.

Се предлага да има законска можност уште пред поднесувањето на пријавата да има можност за спогодба со обвинетиот.

„Пред земање на предлогот за поднесување кривична пријава, може да се применат правилата на изрекување на решението врз основа на спогодбата меѓу јавниот обвинител и обвинетиот во тек на прелиминарната постапка“, се вели во предложените измени на Законот за кривична постапка.

[Рецензија: Специјалното Обвинителство најавува нови истраги, ВМРО ДПМНЕ го менува законот за кривична постапка]

Јавниот интерес треба секогаш да биде цел на медиумите. Собранието, исто така, е предмет на јавниот интерес. Работата на претставниците на народот во Собрание, законите што се предлагаат, гласаат… нивниот ефект, сето тоа е од суштинска вредност за широката јавност, за сите граѓани. Затоа, известувањата од Собранието треба да се објективни, комплетни и точни.

downloadЛинк до оригиналниот напис: „Специјалното Обвинителство најавува нови истраги, ВМРО ДПМНЕ го менува законот за кривична постапка

Датум и време на објавување: 28.03.2016

Датум на рецензирање: 05.04.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот што го рецензираме информира за предлог-законот што треба да го измени Кривичниот законик, предложен од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска, и од Муса Ибраими, пратеник на ДУИ. Меѓутоа, во текстот не се кажува или се прикрива информацијата дека пратеникот на ДУИ е потписник на овој предлог и, поинаку од тоа што стои во документот, кажува дека законот го предлага Светлана Јакимовска.

„По најавите на Специјалното Обвинителство за засилени истраги и за нови отворени случаи, ВМРО-ДПМНЕ сака по забрзана постапка да го измени Законот за кривична постапка, со кој на обвинетите им се дава поголем рок за одбрана, како и можност за спогодба со обвинителите. Предлогот за измена на овој закон е прифатен во Собрание, а го предлага пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска.“

Веста како таква не е сеопфатна, прикрива една страна и го прави текстот манипулативен.

Премолчувањето и необјавувањето на податоците што може да влијаат на ставот на јавноста е исто што и намерното искривување или свесната манипулација со јавноста, пишува во Прирачникот за етика во новинарството.

Ова е важно, зашто документот со потпис на двајцата предлагачи што е објавен во содржината, го демантира насловот на текстот, „ВМРО-ДПМНЕ го менува законот за кривична постапка“. Но, и самата оваа тенденција прикажана во насловот го прави текстот едностран. За ова, новинарот сноси одговорност пред јавноста. Затоа, новинарите треба секогаш да знаат дека на јавноста ѝ се потребни објективни и сеопфатни информации и дека токму тие се тие што треба да ѝ го овозможат тоа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

Нецелосни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести