verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спојување на неспојливото

on 19 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ФОТО_ Овие херои загинаа бранејќи ја _ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_f

[Рецензија: ФОТО: Овие херои загинаа бранејќи ја Македонија, хулиганите на СДСМ посакуваат да има уште жртви]

 

Текстот, врамен со тенденциозен наслов, во ист контекст става два настана што реално немаат никаква поврзаност.  Тој става знак на равенство меѓу случаите Диво Насеље во Куманово – кога осуммина припадници на безбедносните сили загинаа во полициската акција за уништување на терористичката група  (9 и 10 мај 2015 година) и граѓанскиот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов (13 април 2016). Овој шпекулативен напис  манипулира со јавноста и со леснотија ги обвинува граѓаните кои протестираат дека се „хулигани“, „поттикнати од СДСМ и СОРОС“,  кои, наводно, им посакуваат на полицајцијте да се „повтори Куманово“. 

policajci, protestiЛинк до оригиналниот наслов: ФОТО: Овие херои загинаа бранејќи ја Македонија, хулиганите на СДСМ посакуваат да има уште жртви

Датум и време на објавување: 14.04. 2016

Датум на рецензија: 18.04.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Текстот е коментаторски скроен и има целосно некоректен и неетички пристап. Пишуван во еден манипулативен манир, материјалот пред нас ги злоупотребува имињата на полицајците што пред речиси една година загинаа во Диво Насеље, при што сосема непотребно ги вклучува во написот.

„Во месец мај минатата година, Македонија беше завиена во црно. Осум наши херои, припадници на безбедносните сили ги положија своите животи за да ја одбранат Македонија. Македонија тој кобен ден загуби осум херои: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменови.“

Оваа наменски скроена содржина паушално ги квалификува граѓаните кои протестираа како „насилници“ и тврди дека се инспирирани од опозицијата, а неизбежно се споменува и „Сорос“.

„Насилниците кои синоќа дивееја во Скопје, поттикнати од СДСМ и СОРОС удрија по македонската полиција. Полицајците кои постојано се во одбрана на граѓаните, вчера беа жртва на удари од неколку хулигани. Тие освен што ги тепаа и пцуеа македонските бранители, им посакаа уште еднаш да им се случи „Куманово“.“

Наспроти ваквото тврдење, во досегашните пет протести (од 17 април 2016 година), видовме дека меѓу демонстрантите постојат провокатори кои се задолжени за правење нереди и дека редарите на протестите веќе ги препознаваат и ги отстрануваат.

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Текстот ја премолчува изјавата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој на прес-конференција повика на мирни и ненасилни протести, а во исто време ги обвинува социјалдемократите дека не се оградиле од инцидентите.

„СДСМ и СОРОС како поттикнувачи на овие немири не се оградија од ваквото однесување. Така, преку ова видео беше испратена порака до цела Македонија, до сите граѓани. Но, ваквото нивно однесување со сигурност најмногу ќе ги здоболи мајките, сопругите и децата на загинатите во Диво Насеље кои го положија животот да спасат илјадници граѓани.“

Видеозаписот на кој се повикува написот, пак, не претставува никаков доказ и не може со сигурност да се тврди дали инцидентите ги предизвикуваат демонстрантите или се работи за  „уфрлени“ провокатори.

Станува збор за школски пример за извртување на вистината и за спојување на неспојливото. Видлива е намерата да се измести тежиштето на протестот и да се пренасочи  причината за револтот на граѓаните.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести