verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Информирањето за избори е сериозен чин

on 8 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Shilo 8 april 2016

[Рецензија: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни]

Треба да се отворат четири очи кога се известува, особено за битни и деликатни работи на политичката сцена во Македонија, дури и кога станува збор за медиум насочен кон македонската заедница во Австралија. Не е за занемарување фактот дека дијаспората има право на глас и вестите за изборите се многу битни за нив и за нивно информирање.

 

silo sdsm slavi izboriЛинк до оригиналниот напис: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни

Датум и време на објавување: 07.04.2016, 00:25

Датум на рецензирање: 08.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

Веднаш мора да се каже дека насловот е невистинит: „СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни(насловот е преземен без потребните лекторски корекции)

Имено, не е вистина дека нема да има избори и дека поради тоа СДСМ прославува на улиците. Вистинате е дека, како што сега стојат работите, избори ќе има, но на нив нема да учествува СДСМ. Така изјави лидерот на опозициската партија, Зоран Заев. Тоа е сосема различно од тоа дека ќе нема избори на 5 јуни.

Текстот, пак, ако се земе во целина, е коректен, но не е содржаен. Има само нафрлано работи кои, за волја на вистината, се точни, но нема поширока опфатност за моментот поради кој е дојдено до состојбата што се опишува. Секако, поради физиономијата на овие два клучни дела на статијата, може да се заклучи дека насловот, како целосно несовпадлив со текстот, е „зготвен“ за да привлече кликнувања од корисници на социјалните мрежи и на некои агрегатори на вести.

Имено, нема информација дека Собранието се распушти и во каква атмосфера тоа се одвиваше, иако има линк од прес-конференцијата на Заев.

Написот заборава да спомене дека истата вечер по улиците излегоа и членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Во интерес на вистината, а и поради коректност, тоа би требало да го има во текстот.

Инаку, написот изгледа како да е правен  набрзина, колку да се има нешто. Сепак, новинарството не признава брзоплетост и несмасност.  За да може да зборуваме за професионален текст, информацијата треба да се провери пред да се објави. Тоа, впрочем, го сугерира и член 1 од Кодексот на новинари.

Вака, наместо информација, пласирана е дезинформација, со  која погрешно се информираат  Македонците што живеат во Австралија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести