Стар „кромид“ за нови кликнувања
Објавено во Рецензии
on 11 - 04 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: (ФОТО) Норвежанка родила бебе – слон!]
Станува збор за лажна вест, која текстот што го рецензираме ја пласира како вистинска. Во него не се наведува ниту изворот на оригиналната „кромид-информација“, која е стара повеќе од една година, ниту, пак, се испочитувани новинарските стандарди за пишување вест.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Норвежанка родила бебе – слон!
Датум и време на објавување: 08.04.2016
Датум на рецензирање: 10.04.2015
Рецензент: Димитар Тануров
КРОМИД-НОВИНАРСТВО
„Според извештајот, Норвежанка родила бебе слон. Во него се наведува дека бебето е пола човек, пола слон.“
Во написот објавен во категоријата свет, што само по себе ѝ дава одредена тежина на информацијата, се презентирани штури податоци, кои не се поткрепени со: време, место, извор на информацијата ниту, пак, е направен обид да се провери истата. Изоставувањето на овие елементи укажува дека не се испочитувани правилата за пишување вест.
Во преамбулата на Кодексот на новинари е прецизно наведено дека
Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Во член 1 од Кодексот, пак, се нагласува дека во случај информацијата да не може да се потврди или, пак, станува збор за шпекулација, тоа треба да се посочи во написот.
Со пребарување на фотографијата на интернет, може да се утврди дека информацијата е стара една година, односно дека е пласирана на сатиричниот портал „Хузлерс“, кој објавува „кромид-вести“. Дури на самата веб-страница, во футерот, стои предупредување кое вели:
„Huzlers.com е најозлогласениот забавен сајт на светот за лажни сатирични информации, основан од Панчо Вила во 1922 година. Хезлерс е спроделува од три билиони лица ширум светот и е познат по најшокантните наслови.“
Фотографијата која е искористена за написот, всушност, претставува уметничко дело на австралиската уметница Патриција Пичини, која е позната по создавање скулптури од чудни суштества кои се своевидни хибриди на животни и луѓе.
Објавувањето на вакви информации, кои не се проверени, служат за манипулирање на јавноста и имаат цел да соберат повеќе кликнувања.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
квази-вест
ПРИСТРАСНОСТ
целосна невистина
лажни информации
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови