verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационализмот поважен од личната болка!

on 12 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

soobrakajka

[Рецензија: Сообраќајка во Скопје: Девојка прегазена од автомобил (Фото)]

 

Експлицитните фотографии од повредена девојка во сообраќајна несреќа во текстот што е предмет на оваа рецензија, се косат со професионалните новинарски стандарди за етичко известување. Во конкретниот случај, нарушена е приватноста на личноста што настрадала во сообраќајката.

Ваквата постапка се коси со одредбите во Прирачникот за етика во новинарството, каде е наведено дека „кога известуваат за настани кои предизвикале лични трагедии, болка и шок – новинарите, фоторепортерите и снимателите треба да покажат сочувство, дискреција и обѕир.“ Тоа, за жал, во овој случај не е испочитувано.

soobrakajka, fotoЛинк до оригиналниот наслов: Сообраќајка во Скопје: Девојка прегазена од автомобил (Фото)

Датум и време на објавување: 08.04.2016, 19:45

Датум на рецензија: 11.04.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

НОВИНАРСКА ЕТИКА, ШТО БЕШЕ ТОА?

„Вечерва на крстосницата во близина на Железничката станица во Скопје, автомобил прегазил девојка, која како што може да се види на фотографиите, по несреќата останала да лежи на асфалтот.“

И двете фотографиите со кои е илустрирана веста не се заматени за да се сокрие идентитетот на девојката,  со што е прекршен членот 7 од Кодексот на новинарите, во кој е прецизно кажано дека:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

Во овој случај, не постои јавен интерес за објавување на овие фотографии, а повредена е и приватноста на девојката. Ваквите фотографии можат да предизвикаат шок кај нејзините најблиски и дополнително да ја зголемат личната болка.

Исто така, иако текстот се повикува на изјави на очевидци, во него отсуствува официјален став од релевантната медицинска установа, како и од МВР.

„Според изјавите на очевидци, по ударот девојката не можела да се движи, а набрзо дошла и екипа на Брзата помош која ја одвела на една од скопските клиники. Засега, нема информации за тоа колку се сериозни повредите кои настанале од директниот удар.“

Според Кодексот на новинарите, „начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми“,  што не е случај со насловот и со фотографиите со кои е поткрепен текстот.

Така што, гледано во целина, на читателите им е понудена непрофесионална и неквалитетна медиумска содржина, напишана во сензационалистички манир, која заслужува негативна оценка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести