Рецензии

Аналитичар, социолог, психолог, експерт по безбедност, политичар… што стана со новинарот?

на 6. 04. 2016 | | sq

Напис: Валканата игра на тајните служби против албанските политичари на ДУИ 

Македонската тајна служба, во соработка со албанските партии со исламска заднина, што се очекува да учествуваат на следните избори во Македонија, не избира средства за да ги дискредитира албанските политичари за да дојде на власт. Против политичарите од редовите на ДУИ веќе е почната една валкана кампања. Како што се ближат изборите на 5 јуни во Македонија, на политичката сцена не се избираат средства за да се дискредитираат политичките противници. Вака, на мета на опозициските партии, во последните два дена се најдоа двајца албански политичари од редовите на Демократската унија за интеграција, која е дел од Владата – вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката од редовите на ДУИ, Ермира Мехмети.

Мутант од новинарски текст

на 6. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Бејли: Сега е најдобро време да се реши името!]

  Повторно се мешаат лончиња. Треба да се запамети: во лончиња за млеко не се става вино. Следствено, во формат на извештај не се ставаат коментари. Па, уште така „франкенштајнски“ накалемени. На ништо не личи тоа! Едно од основните правила во новинарството е еден настан – еден извештај! Во извештајот може да се навести секундарна или друга тема, но таа тема е за друг извештај, сторија, коментар… Што и да е, во зависност од одлуката на новинарот или уредникот, или од самата содржина која си ја бара најсоодветната форма.  Значи, ние, вусшност, од овој текст, како извешатј од настан, треба(ше) да добиеме информација за најважните пораки и поенти од тој

Поттикнувањето омраза не е етичко!

на 5. 04. 2016 | | sq

Напис: Јавниот обвинител Зврлевски вели дека ќе се бори против Албанците бидејќи тие се „терористи“

Скопје, 22 март – Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, со неговата последна изјава ја потресе домашната јавност бидејќи на индиректен начин ги обвинува македонските Албанци нарекувајќи ги „терористи“ и дека сериозно ќе се занимава со нив. Зврлевски се обидува да ги оцрни Албанците велејќи дека се радикални исламисти. Со оваа негова изјава сака предвреме да го подготви теренот и да ги етикетира Албанците како фактор за дестабилизација на Македонија.
Тој, меѓу другото, изјавил дека борбата против тероризмот и учеството во туѓи војни е предизвик за градењето на еден меѓународен однос што ќе им го попречи патот на ваков вид казнени дела.
„Република Македонија

Теории на заговор на рекла-кажала

на 5. 04. 2016 | | sq

[Рецензии: Фатиме Фетаи и Катица Јанева на гости во амбасадата на САД]

  Текстот е коментаторски и едностран. Во него не се изнесуваат никакви факти ниту, пак, се дава некаква поткрепа со конкретни податоци на изнесените тврдења. Истовремено не ги исполнува ниту новинарските стандарди за вест, особено зашто во него се прикриваат податоци за настанот, кој се користи за презентирање на теоријата на заговор. Линк до оригиналниот напис: Фатиме Фетаи и Катица Јанева на гости во амбасадата на САД Датум и време на објавување: 31.03. 2016,  09:45 Датум на рецензирање: 04.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ИСКРИВЕНА СЛИКА

„Случајност или не? Додека безбедносниот систем во државата се руши, специјалната јавна обвинителка Јанева, заедно со своите послушници се забавуваа во американската амбасада

Каква врска има смената на командир со удар во националното ткиво?

на 5. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси]

  Оваа објава нема никаква врска со новинарски текст. Има сензационалистички наслов и содржи  информација која е употребена за наведување и за убедување на читателот во нешто што нема никаква врска со реалноста и со фактите, она што е нјаважно во еден новинарски производ. Линк на оригиналниот напис: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси Датум и време на објавување: 31.03.2016 Датум на рецензирање: 04.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАФРЛАНИ ОБВИНУВАЊА

„Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ продолжува да се пазари со македонските национални интереси.“ На почетокот од текстот, како и во самиот наслов, на читателот му се наметнува теза дека министерот за внатрешни работи

Новинарството не е кафеански муабет!

на 5. 04. 2016 | | sq
[ВИДЕО: Еве зошто Заев се исплашил од Бекир Асани]   Целиот текст се базира на шпекулација или, уште пострашно, целиот напис е како кафeански муабет базиран на искривоколчување изјава. Толку невистинити, недокажливи моменти,  во еден краток текст, тешко може да се најдат. Но, ете се случуваат чуда и овој текст, ако може така да се нарече, е токму таков – несодржаен, необјективен, невистинит… Нема  белег на професионален новинарски производ.   Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Еве зошто Заев се исплашил од Бекир Асани Датум и време на објавување: 01.04.2016, 16:35 Датум на рецензирање: 05.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ШПЕКУЛАЦИИ НАМЕСТО ДОКАЗИ

„Ќе излезе ли нова снимка од приватен разговор на функционерите на ДУИ , откако Зоран Заев се соочил со

Медиуми без потврда на искази – лош пример во историјата

на 4. 04. 2016 | | sq

Напис: Руфи Османи го зема кормилото за да го води Опозицискиот совет, Ким Мехмети останува историја!?

Скопје, 9 март – Експретседателот на НДП, Руфи Османи, овие денови ќе биде именуван на позицијата претседател на Опозицискиот совет во Македонија, дознава неофицијално „Журнал“. Тој ќе се именува за да ја консолидира албанската опозиција во Македонија, со исклучок на ДПА на Мендух Тачи. Османи, кој има голем авторитет меѓу политичката елита и е симбол на националниот отпор, со неговиот авторитет ќе ги елиминира предрасудите и несогласувањата на малите партии на Албанците, што ќе има цел нивно здружување за да на идните парламентарни избори на 5 јуни освојат победа. Инаку, Османи денес е универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и беше остро критикуван

Употребата на верските прашања за натпреварување меѓу заедниците е опасна!

на 4. 04. 2016 | | sq

Напис: Во Тетово има 10 џамии повеќе  од цркви

Скопје, 19 март – Македонија почнува да се пошумува со православни македонски цркви, кои во Македонија главно се градат по 2001 година. „Журнал“ успеал да обезбеди сигурни информации дека во Тетово, каде  мнозинство се Албанци муслимани, има дури 88 православни македонски цркви кои се изградени главно во периодот по 2000 година. Меѓутоа, бројот на џамии во Тетово и во околината е 98 џамии на муслиманските верници. „Журнал“ пишува дека во Тетово и во околината бројот на џамиите е за 10 повеќе муслимански верски објекти од бројот на православните цркви. ЗАД СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА ГРУЕВСКИ ЈА ИЗГРАДИ СВОЈАТА ЦРКВА, НО БУРМАЛИ-ЏАМИЈАТА НИКОГАШ Инаку, веднаш зад Собранието на Македонија е изградена најголемата црква

Доказите треба да зборуваат повеќе од новинарот!

на 4. 04. 2016 | | sq

Напис: Се сечат дрвата во Чаир, ДУИ „крои“ згради

Функционерите на ДУИ во Чаир од утрово почнале со сечење на дрвјата на улицата Кемал Сејфула, бидејќи истите им пречат на зградите што ги градат овие функционери, известува „Факте“. Револтирани граѓаните се обратија писмено до нашата редакција и испратија фотографии од сечењето на дрвјата. Проблемот со незаконските згради на функционерите на ДУИ во Чаир се слуша и во објавените разговори меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, каде овој вториот излегува во одбрана на неговите сопартијци. /ФАКТЕ.НЕТ [Рецензија: Се сечат дрвата во Чаир, ДУИ „крои“ згради] Новинарот треба да ја пишува веста на начин на кој би ја пишувал за да се информира себеси. Не би имало теоретски и практични шанси новинарот

Квалитет наспрема квантитет

на 4. 04. 2016 | | sq

Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи

Уапсени се братот и сестрата на Захир Беќири-Чауш, осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи, пренесува „Телеграфи“. За време на контролата, во куќата на Чауш е пронајдена опрема за фалсификување, секачи, отворачи, примероци од пасоши, лични карти, итн. Според обвинителството, оваа опрема е употребена за обработка на фалсификувани лични карти и други документи, додека МВР информира дека првин се уапсени тројца, но ниеден не е задржан во притвор, освен едниот, кој требало да одлежи поранешна казна затвор./Телеграфи/ [Рецензија: Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи] Еуфоријата да се направи вест колку да се добијат повеќе кликнувања, полека го убива новинарството. На