verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мутант од новинарски текст

on 6 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vecher

[Рецензија: Бејли: Сега е најдобро време да се реши името!]

 

Повторно се мешаат лончиња. Треба да се запамети: во лончиња за млеко не се става вино. Следствено, во формат на извештај не се ставаат коментари. Па, уште така „франкенштајнски“ накалемени. На ништо не личи тоа!

Едно од основните правила во новинарството е еден настан – еден извештај! Во извештајот може да се навести секундарна или друга тема, но таа тема е за друг извештај, сторија, коментар… Што и да е, во зависност од одлуката на новинарот или уредникот, или од самата содржина која си ја бара најсоодветната форма. 

Значи, ние, вусшност, од овој текст, како извешатј од настан, треба(ше) да добиеме информација за најважните пораки и поенти од тој настан. Наместо тоа, што добивме? Што читаме, ако тргнеме од наднасловот на сторијата:

„Аналитичарите предупредуваат – Пржино, политичката и бегалската криза се етапи во сценариото за прекрстување на Македонија?!“

Кога се соочувате со ваков поднаслов, кој според учебниците ја навестува најшироката рамка на сторијата, веднаш ви станува јасно дека нема да има ништо од извештајот од настанот.

Згора на тоа насловот, кој, нели, треба да биде изведен од главната поента од настанот, ја довршува намерата на рамката да се сугерира впечаток дека решението на името е дел од некакво сценарио.

04062016-Vecer-BejliЛинк до оригиналниот напис: Бејли: Сега е најдобро време да се реши името!

Датум и време на објавување: 04.04.2016 – 17:30

Датум на рецензирање: 06.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ФРАНКЕШТАЈНСКА ХИРУРГИЈА

Ама редот си е ред, а правилата – правила. Ако не се почитуваат, а ако не сте вешти во фарнкештајнската хирургија која од мртви парчиња треба да направи жив организам, тогаш добивате мутант од новинарски текст.

Самиот текст ги открива невештите резови и рабови, конци со кои е закрпен овој „Франкештајн“ од новинарски текст.

Зошто? Па, затоа што во сите наведени изјави и парафрази од настанот, никаде не можете да прочитате дека нашите НАТО-партнери ни подготвуваат „прекрстување“ кое нема да биде прифатено без наша согласност или, пак, дека сојузниците се подготвуваат да ја капитулираат и да ја разнебитат нашата држава.

Ве молам, па што да порача американскиот амбасадор или другите наши НАТО-сојузници на настан на кој се одбележува годишнината од формирањето на алијансата, освен да најдеме „заеднички прифатливо решение за името“, како единствен проблем исправен пред Република Македонија, на која стратешка цел ѝ е токму тоа – да биде НАТО-членка.

Амбасадорите на овој настан само го истакнаа моментот во кој се наоѓа земјата, кога се во процес сериозни реформи, да се искористи вниманието кое ѝ се посветува на Македонија, за да се реши и тој проблем.

Сите без исклучок ја подржаа нашата земја во нејзините НАТО-аспирации.

Но, од накалемувањето на новинарската рамка во која е спакуван овој извештај, очигледно е дека постоела друга намера.

Капак на оваа немара е изјавата  на поранешниот амбасадор за капитулацијата и за разнебитувањето на Македонија. Тоа навистина нема да го коментираме.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести