verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Аналитичар, социолог, психолог, експерт по безбедност, политичар… што стана со новинарот?

on 6 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #109 - 'Loja e ndytë e shërbimeve sekrete kundër politikanëve shqiptarë dhe BDI-së – Tetova Sot' - www_tetovasot_com_2016_03_l

Напис: Валканата игра на тајните служби против албанските политичари на ДУИ 

Македонската тајна служба, во соработка со албанските партии со исламска заднина, што се очекува да учествуваат на следните избори во Македонија, не избира средства за да ги дискредитира албанските политичари за да дојде на власт. Против политичарите од редовите на ДУИ веќе е почната една валкана кампања.

Како што се ближат изборите на 5 јуни во Македонија, на политичката сцена не се избираат средства за да се дискредитираат политичките противници. Вака, на мета на опозициските партии, во последните два дена се најдоа двајца албански политичари од редовите на Демократската унија за интеграција, која е дел од Владата – вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката од редовите на ДУИ, Ермира Мехмети.

Извори на весникот „Експрес“ ни даваат до знаење дека аудиоснимката е производ на македонската тајна служба и на албанските партии со исламска заднина, кои се обидуваат по секоја цена да излезат победници на следните избори.

„Ова е валкана игра смислена во кујните на македонската тајна служба и на албанските партии кои се финансирани однадвор и кои имаат цел да ја дискредитираат ДУИ“, рекол еден албански функционер во Владата на Македонија.

Изборите во Република Македонија се очекува да се одржат на 5 јуни. Но, овој датум може да се помести бидејќи дипломатите и еден дел од опозицијата се изјасниле дека нема услови за вистинска трка и фер изборен процес.

Во трката за да ги добијат гласовите на Албанците, освен ДУИ, ДПА и НДП, се очекува да учествуваат и движењето Беса, како и неколку нови политички субјекти кои се основани во последно време.

 

[Рецензија: Валканата игра на тајните служби против албанските политичари на ДУИ]

Феноменот на новинарски коментари во информативните содржини се претвора во една честа практика. Од општествените феномени до астрономијата, изгледа како да знаеме сè. Но, забораваме дека нам ни е дадено пенкалото за да го пишуваме тоа што другите го зборуваат и коментираат, а ние треба да сме посредници меѓу изворите и јавноста, тие што ќе ги претстават сите страни и ќе ги поедноставуваат работите, секогаш потпирајќи се на факти, видливи и конкретни работи, а не на нашите замислувања и претпоставки.

 

Loja e ndytë e shërbimeve sekrete kundër politikanëve shqiptarë dhe BDI së – Tetova SotЛинк до оригиналниот напис:  Валканата игра на тајните служби против албанските политичари на ДУИ

Датум и време на објавување: 28.03.2016

Датум на рецензирање: 29.03.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Текстот што го рецензираме во продолжение дава коментари поставени во делот на вестите во врска со неколку аудиоснимки, за кои дури и не се реферира за тоа кога се објавени, кои се главните ликови и каква содржина има во нив, туку само на индиректен начин се даваат квалификации во одбрана на албанската партија на власт. Изгледа дека и овде се заборавило дека една од задачите на новинарот, пред сè, е да ја погледне власта од критичен аспект, без разлика за која партија станува збор, а не да се стави во позиција на нејзин адвокат. Едноставно, новинарството што ги брани интересите на јавноста и фактите, не се совпаѓа во ниедна точка со таква адвокатура.

„Македонската тајна служба, во соработка со албанските партии со исламска позадина, што се очекува да учествуваат на следните избори во Македонија, не избира средства за да ги дискредитираат албанските политичари за да дојде на власт. Против политичарите од редовите на ДУИ веќе е почната една валкана кампања.“

Што е оваа валкана кампања? Барем на тие што не ги слушнале снимките, не им е јасно кои се тие негативни работи со кои се прави напор да се оцрни имиџот на неколку функционери на ДУИ. Нормално, внимавајќи на приватноста и на јавниот интерес, новинарот можел точно да каже за што станува збор, но не го направил тоа.

„Како што се ближат изборите на 5 јуни во Македонија, на политичката сцена не се избираат средства за да се дискредитираат политичките противници. Вака, на мета на опозициските партии во последните два дена се најдоа двајца албански политичари од редовите на Демократската унија за интеграција која е дел од Владата – вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката од редовите на ДУИ, Ермира Мехмети. Извори на весникот „Експрес“ ни даваат до знаење дека аудиоснимката е производ на македонската тајна служба и на албанските партии со исламска заднина, кои се обидуваат по секоја цена да излезат победници на следните избори.“ 

Единствената поддршка на овие тврдења е еден анонимен извор од Владата на Македонија, иако, на пример, никој не излезе во јавноста ниту со демант, ниту со извинување за објавениот материјал, без да навлегува во детали дали е загрозена приватноста на функционерите или не или дали објавениот разговор има врска со јавниот интерес или, пак, едноставно, со индивидуални работи на кои не им е местото на јавни дебати.

„Ова е валкана игра смислена во кујните на македонската тајна служба и на албанските партии, кои се финансирани однадвор и кои имаат цел да ја дискредитираат ДУИ“, рекол еден албански функционер во Владата на Македонија.

Колку да ја разјасниме „маката“ на заштитниците на албанската партија на власт, ќе дадеме една слика во врска со аудиоматеријалот што беше објавен од новинарот кој живее и работи во Србија, Зоран Божиновски. Пред неколку денови тој објави еден аудиоматеријал чија автентичност не може да се потврди и на кој се слушаат разговори меѓу неколку високи функционери на ДУИ, вклучувајќи и срамна содржина. Ќе се воздржиме од коментари за аудиоснимката затоа што дебатата за тоа што претставува јавен интерес секогаш има различни реакции.

Но, едно е јасно: новинарите не смеат да пишуваат вести поставувајќи се во улога на заштитник на власта, бидејќи тие, во суштина, постојат за да ги контролираат и да ги спречат нејзините негативни активности и честопати се и иницијатори за казнувањето на тие што се „недопирливи“.

Снимката ниту се демантира, а ниту се коментира од тие што всушност требаше да ја коментираат, туку во „одбрана“ излегоа медиуми и аналитичари блиски на власта. Во многу земји во светот се случило да се објават вакви скандали, но инволвираните обично излегуваат и се соочуваат со обвиненијата, барајќи правда доколку се загрозени нивните права или приватноста или некој презел одговорност за тоа што се објавува. А, во овој случај, тоа не се случува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести