verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неупотреблива опрема или неупотреблива информација?

on 6 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

netpres

[Рецензија: Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева]

 

Написот што е предмет на оваа рецензија е една голема шпекулација и изнесува тврдења за кои потврда може да даде само Министерството за внатрешни работи. Но, МВР не е ниту спомнато во текстот, а уште помалку има изјава од единствената институција надлежна за давање на информациите што се напишани во текстот.

Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева NetPress NetPressЛинк до оригиналниот напис: Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева

Датум и време на објавување: 30.03.2016, 14:41

Датум на рецензирање: 04.04.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

(ДЕЗ)ИНФОРМАЦИЈА

Текстот (што е преземен од друг медиум и не е соодветно линкуван), тврди дека комисијата во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) уништила стар и неупотреблив хардвер, а дека важните податоци ѝ   биле предадени на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Пред да биде уништена неупотребливата опрема, била доставена наредба за снимање на сите релевантни податоци од софтверот кои во иднина би можеле да се употребат во судска процедура. Овој хард диск на барање на СЈО е доставен до Катица Јанева и практично Катица Јанева има пристап до целиот софтвер и податоци кои биле содржани во системот на УБК.“

За ваквите наводи, кои во текстот се преставени како сигурна информација, нема никаква потврда од надлежните институции, МВР и СЈО.

Ниту е прашано во МВР дали навистина била уништена само неупотреблива опрема ниту, пак, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е прашано дали добило хард-диск со сите податоци, како што се тврди во текстот.

Овде, всушност, станува збор за податок без никаков извор и како таков е непроверлив, а таква информација без потврда може да биде и дезинформација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести