verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Квалитет наспрема квантитет

on 4 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #092 - 'Ja çfarë u gjet në shtëpinë e Zahir Beqirit, i dyshuar për falsifikim dokumentesh - Telegrafi' - www_telegrafi_com_ja-

Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи

Уапсени се братот и сестрата на Захир Беќири-Чауш, осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи, пренесува „Телеграфи“.

За време на контролата, во куќата на Чауш е пронајдена опрема за фалсификување, секачи, отворачи, примероци од пасоши, лични карти, итн. Според обвинителството, оваа опрема е употребена за обработка на фалсификувани лични карти и други документи, додека МВР информира дека првин се уапсени тројца, но ниеден не е задржан во притвор, освен едниот, кој требало да одлежи поранешна казна затвор./Телеграфи/

[Рецензија: Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи]

Еуфоријата да се направи вест колку да се добијат повеќе кликнувања, полека го убива новинарството. На некои од медиумите во Македонија не им е ни јасно за што пишуваат, бидејќи ѝ се приклучуваат на толпата што ги копира вестите од агенциите или другите медиуми и само се обидуваат да стекнат квантитет на сметка на квалитетот. Во овие случаи, можеме да забележиме дека во содржината има сè, освен една јасна информативна вест.

 

Ja çfarë u gjet në shtëpinë e Zahir Beqirit i dyshuar për falsifikim dokumentesh TelegrafiЛинк до оригиналниот напис: Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи

Датум и време на објавување: 24.03.2016

Датум на рецензирање: 25.03.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Текстот уште од насловот е тенденциозен, велејќи дека „Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи“, а фотографијата има тешко оружје. Не само што оваа фотографија не се совпаѓа со вистината, туку доколку некој го прочита само овој текст за овој настан, никаде нема да прочита дека на „Чауш“ му пронашле и оружје.

„За време на контролата, во куќата на Чауш е пронајдена опрема за фалсификување, секачи, отворачи, примероци од пасоши, лични карти итн. Според обвинителството, оваа опрема е употребена за обработка на фалсификувани лични карти и други документи, додека МВР информира дека првин се уапсени тројца, но ниеден не е задржан во притвор, освен едниот кој требало да одлежи поранешна казна затвор.“

Значи, според овој параграф, во куќата на осомничениот за фалсификување документи се пронајдени само тие предмети што се спомнати погоре, но не и оружје.

Оваа информација што е напишана набрзина, можела да изгледа поинаку. Би ја зел за пример веста на МРТВ за истиот случај, каде стојат сите потребни елементи. Значи, новинарот дава одговор на прашањата: кој е уапсен; зошто е уапсен; што е запленето од куќата на уапсените; кој случај ѝ претходи на оваа акција (за да се поедностави оваа информација за тие што првпат слушаат за „Фабриката на афери“ или за „Чауш“)? Во тој текст, за разлика од овој што го рецензираме, се нагласува дека е пронајдено и оружје, за да не се остави простор за сомнеж или манипулација.

Во Кодексот на новинарите на Македонија уште во воведот се нагласува дека основна задача на новинарите е почитување на вистината и правото на јавноста да биде информирана, во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија и дека улогата на новинарите е споделување на информациите, идеите и мислењата и правото за коментари. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите треба да бидат чесни, објективни и точни, стои во посочениот документ.

И ова нè тера да разбереме дека сè што треба да направиме ние, како новинари, е да служиме максимално на вистината и на објективноста, бидејќи ова е и пoјдовната точка во нашата работа. Значи, ние треба да сме прозорец на вистината, која никогаш не треба да буди сомнеж.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести