verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Употребата на верските прашања за натпреварување меѓу заедниците е опасна!

on 4 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #101 - 'Në Tetovë ka 10 xhamia më shumë se kisha' - www_zhurnal_mk_content__id=1631918364

Напис: Во Тетово има 10 џамии повеќе  од цркви

Скопје, 19 март – Македонија почнува да се пошумува со православни македонски цркви, кои во Македонија главно се градат по 2001 година. „Журнал“ успеал да обезбеди сигурни информации дека во Тетово, каде  мнозинство се Албанци муслимани, има дури 88 православни македонски цркви кои се изградени главно во периодот по 2000 година. Меѓутоа, бројот на џамии во Тетово и во околината е 98 џамии на муслиманските верници. „Журнал“ пишува дека во Тетово и во околината бројот на џамиите е за 10 повеќе муслимански верски објекти од бројот на православните цркви.

ЗАД СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА ГРУЕВСКИ ЈА ИЗГРАДИ СВОЈАТА ЦРКВА, НО БУРМАЛИ-ЏАМИЈАТА НИКОГАШ

Инаку, веднаш зад Собранието на Македонија е изградена најголемата црква во Скопје во 2015 година, која многупати беше иницирана и поддржана од македонската партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, и од експремиерот, Никола Груевски. Овој последниот го одржа ветувањето и црквата се изгради преку ноќ. Но Бурмали-џамијата никогаш.

НА 1 ЈУЛИ 2015 ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ГО ПОСТАВИ КРСТОТ ВО ОПШТИНАТА, АЛБАНЦИТЕ СЕ ДИСКРИМИНИРАНИ

Македонија е потресена од уште еден мегаскандал. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец, го претставила новиот грб на Општината, каде јасно се гледа црквата со еден огромен крст, известува „Журнал“.

Во општина Кисела Вода живеат стотици жители од муслиманска вероисповест, кои поставувањето на новиот грб со крст го доживуваат како голема провокација.

Градоначалничката Билјана Беличанец изгледа продолжува со пошумувањето на Македонија со цркви и со крстови, која се повикува на тоа дека ја заштитува историјата и културното наследство на Македонија.

Од 2001, година кога се изгради огромниот крст на скопско Водно и неколку месеци пред тоа и во населбата Аеродром, друг крст со висина од 50 метри беше поставен токму пред зградите на турскиот бизнисмен „Џевахир холдинг“, информира „Журнал“.

Поставувањето на крстовите и на црквите ја промовира православната македонска култура која ги дискриминира сите други етнички групи и религии.

Комисијата за верски прашања и Владата итно треба  да реагираат за Општина Кисела Вода, која како симбол на нејзиниот грб поставила црква, во спротивно сите албански општини во Македонија треба сериозно да размислат на нивните грбови да стават џамии.

Во еден извештај на Амбасадата на САД во Скопје поставувањето на крстот на Водно од македонските политички елити се означи како провокација за другите етнички групи и религии во Македонија, пишува „Журнал“.

БРОЈ НА ЏАМИИ ВО ТЕТОВО 98 

БРОЈ НА ЦРКВИ ВО ТЕТОВО 88

[Рецензија:  Во Тетово има 10 џамии повеќе  од цркви]

Ќе почнам со веќе познатиот факт, дека верските и етничките прашања сè повеќе и повеќе се (зло)употребуваат за да се привлечат повеќе читатели. Многу медиуми се обидуваат да ја претворат верската разновидност во една трка меѓу двете најголеми заедници, муслиманската и православната.

Në Tetovë ka 10 xhamia më shumë se kishaЛинк до оригиналниот напис: Во Тетово има 10 џамии повеќе  од цркви

Датум и време на објавување: 19.03.2016 /18:36

Датум на рецензирање: 28.03.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Во овој случај, текстот се обидел да го привлече вниманието со бројот на верските објекти, како една илустрација за населението што живее на едно одредено место, земајќи го како пример Тетово. Меѓутоа, пишувајќи за бројот на црквите што се разликува само за 10 објекти помалку од џамиите (за кое не се цитира конкретен извор) и употребувајќи речник што имплицира дека муслиманската заедница е загрозена, како што е „Македонија се пошумува со цркви…“, содржината почнува да пролизгува од шините на професионалното новинарство.

„Македонија почнува да се пошумува со православни македонски цркви, кои во Македонија главно се градат по 2001 година. „Журнал“ успеал да обезбеди сигурни информации дека во Тетово, каде  мнозинство се Албанци муслимани, има дури 88 православни македонски цркви кои се изградени главно во периодот по 2000 година. Меѓутоа, бројот на џамии во Тетово и во околината е 98 џамии на муслиманските верници. „Журнал“ пишува дека во Тетово и во околината бројот на џамиите е за 10 повеќе муслимански верски објекти од бројот на православните цркви.“

Спомнувајќи го фактот дека повеќето цркви се изградени по конфликтот во 2001 година, кога Тетово почна „етнички“ да се чисти, авторот се обидува да направи некаква паралела за тоа како изгледаат општините водени од македонски кадри и каде што живеат мнозинство православно население и како, на пример, изгледа Тетово, каде што живеат мнозинство Албанци, главно со муслиманска вероисповест.

„Македонија е потресена од уште еден мегаскандал. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец, го претставила новиот грб на Општината каде јасно се гледа црквата со еден огромен крст, известува „Журнал“. Во општина Кисела Вода живеат стотици жители од муслиманска вероисповест, кои поставувањето на новиот грб со крст го доживуваат како голема провокација. Поставувањето на крстовите и на црквите ја промовира православната македонска култура која ги дискриминира сите други етнички групи и религии.“

Доколку веста беше заснована само на овие податоци, можеби немаше да биде толку трагична, колку што е повикот што се прави во текстот до Комисијата за верски прашања и до Владата, за да реагираат во врска со поставувањето на еден верски симбол на грбот на Општината Кисела Вода, без да се направи работата што треба да ја направат новинарите – да се обидат самите да бараат отчет или одговор од овие два субјекти. Новинарот во текстот сугерирал, како самиот да е политичар, сите општини со мнозинство албанско население да постават џамии на општинскиот симбол, како реакција на актот на оваа општина со македонско мнозинство.

„Комисијата за верски прашања и Владата итно треба  да реагираат за Општина Кисела Вода, која како симбол на нејзиниот грб поставила црква, во спротивно сите албански општини во Македонија треба сериозно да размислат на нивните грбови да стават џамии.“

Нејасно е од кого овој медиум бара отчет во врска со дебалансот на верските објекти, бидејќи, според Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, верските објекти се независни од државата и нивната изградба не се финансира од републичкиот буџет, туку од граѓански доброволни иницијативи. Доколку во текстот имаше подобро образложени аргументи за кршење на овие одредби и за фаворизација на некоја верска заедница, тогаш содржината ќе изгледаше многу поинаку и ќе беше многу поблиску до професионалните и до етичките правила.

 

 ЗАКОН ЗА ПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА ЦРКВА, ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА И РЕЛИГИОЗНА ГРУПА

Член 32

Приходите на црквата, верската заедница и религиозната група се од сопствено финансирање, приватна филантропија, донации и други форми на финансирање.

Член 33

(1) Црквата, верската заедница и религиозната група самостојно располагаат со стекнатите приходи, во согласност со закон и со прописите на црквата, верската заедница и религиозната група.

(2) Финансирањето на црквата, верската заедница и религиозната група, како и трошењето на финансиските средства е според регулативата за непрофитните организации и организациите од јавен интерес.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

Нема но може да поттикне омраза

не потикнува на насилство

Шири предрасуди

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести