verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството не е кафеански муабет!

on 5 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Zaev video

[ВИДЕО: Еве зошто Заев се исплашил од Бекир Асани]

 

Целиот текст се базира на шпекулација или, уште пострашно, целиот напис е како кафeански муабет базиран на искривоколчување изјава. Толку невистинити, недокажливи моменти,  во еден краток текст, тешко може да се најдат. Но, ете се случуваат чуда и овој текст, ако може така да се нарече, е токму таков – несодржаен, необјективен, невистинит… Нема  белег на професионален новинарски производ.

 

zaev asani materijali zakaniЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Еве зошто Заев се исплашил од Бекир Асани

Датум и време на објавување: 01.04.2016, 16:35

Датум на рецензирање: 05.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ШПЕКУЛАЦИИ НАМЕСТО ДОКАЗИ

„Ќе излезе ли нова снимка од приватен разговор на функционерите на ДУИ , откако Зоран Заев се соочил со заканите на Бекир Асани ?“

Текстов почнува со прашање. Новинарството, пак, е занает кој обично дава одговори на прашања… Наспроти тоа, првата реченица не само што е прашање, туку – прашање со содржани шпекулации! Прво, кој е тој што треба да знае дали ќе излезат нови приватни разговори? Зошто тоа би го знаел Заев? Дали е докажано тоа што се алудира, односно дека лидерот на СДСМ ги дал некому снимките што деновиве се појавуваат во јавноста? И на крајот на краиштата, каде е доказот дека Асани му се заканил на Заев. Нема наведено извор ниту за оваа шпекулација.

Написот понатаму ја плете приказната како во криминалистички филм. Без никаква аргументација на поставената теза.

„Зоран Заев самиот изјави дека освен СДСМ,  незаконските материјали кои се објавуваат, се наоѓаат и во раце на други лица…“

И овој дел од текстот е невистинит. Како извор на оваа теза е објавен видеозапис во траење од 11 секунди, со дел од разговор на Заев за „Топ-тема“ на телевизија „Телма“. Во тие 11 секунди има дел од реченица, од која воопшто не може да се изведе заклучок како тој во рецензираниот текст. Таа е извадок од поголема целина, без чие преслушување невозможно е да се разбере за што се работи. Наша претпоставка е дека Заев одговара на прашањето што ако го уапсат и дали ќе продолжи објавувањето на „бомбите“.

Претседателот на СДСМ во видеоснимката вели дека тој процес не може да се спречи затоа што ако тоа се случи, има шема како „бомбите“ сепак да излезат во јавноста. Притоа тој не кажува дека тие се дадени на Асани, туку имплицира дека се кај најблиските луѓе од раководството на партијата.

Целиот текст има проблем со вистинитоста, односно таа целосно отсуствува. Затоа, ова е уште еден текст-пародија, кој треба да изигра во интерес на владејачката партија и ништо друго.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести