verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Теории на заговор на рекла-кажала

on 5 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

- Фатиме Фетаи и Катица Јанев_ - http___puls24.mk_mk_vesti_fatime-f 1

[Рецензии: Фатиме Фетаи и Катица Јанева на гости во амбасадата на САД]

 

Текстот е коментаторски и едностран. Во него не се изнесуваат никакви факти ниту, пак, се дава некаква поткрепа со конкретни податоци на изнесените тврдења. Истовремено не ги исполнува ниту новинарските стандарди за вест, особено зашто во него се прикриваат податоци за настанот, кој се користи за презентирање на теоријата на заговор.

Пулс 24 Фатиме Фетаи и Катица Јанева на гости во амбасадата на САДЛинк до оригиналниот напис: Фатиме Фетаи и Катица Јанева на гости во амбасадата на САД

Датум и време на објавување: 31.03. 2016,  09:45

Датум на рецензирање: 04.03.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ИСКРИВЕНА СЛИКА

„Случајност или не? Додека безбедносниот систем во државата се руши, специјалната јавна обвинителка Јанева, заедно со своите послушници се забавуваа во американската амбасада со своите патрони.“

Написот уште со поднасловот, „Дали во Македонија се остварува слично сценарио на она во Украина?!“, најавува дека станува збор за конспирациски тип на текст. Во него нема никаква поткрепа на изнесените теории на заговор, како што е карактеристично за ваквите текстови.

Целиот напис се темели на фотографија од социјалните мрежи и тоа на цивилно лице кое било во Амбасадата на САД. Во текстот не се наведува по кој повод специјалните обвинителки се присутни во амбасадата. Податокот е намерно изоставен за да се создаде алузија дека обвинителките несовесно си ја вршат работата и се забавуваат.

Исто така, со користење на термините „послушници“ и „патрони“, се обидува да се наметне мислење дека странските дипломати имаат посебна агенда што ја спроведуваат обвинителките. Сепак, станува збор за настанот „Дефинирање моменти – проза и музика која ја слави жената“.

На крајот на текстот се презентира заклучок, кој во ниту еден момент не е образложен, односно не се објаснува како се влече паралелата за конспирациската теорија. Написот се коси со членовите 1, 13 и 14 од Кодексот на новинари:

Член 1

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
До колку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 14

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Ваквиот начин на информирање е спротивен на новинарските стандарди и има цел да ја изврти реалната слика и да наметне едностран став кај читателската публика, која поради прикривање податоци, коментирање без факти, нема можност самата да создаде мислење.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести