verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Доказите треба да зборуваат повеќе од новинарот!

on 4 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #098 - 'Priten drunjët në Çair, BDI “harton” ndërtesa I FAKTE_NET' - www_fakte_net_priten-drunjet-ne-cair-bdi-harton-ndertes

Напис: Се сечат дрвата во Чаир, ДУИ „крои“ згради

Функционерите на ДУИ во Чаир од утрово почнале со сечење на дрвјата на улицата Кемал Сејфула, бидејќи истите им пречат на зградите што ги градат овие функционери, известува „Факте“.

Револтирани граѓаните се обратија писмено до нашата редакција и испратија фотографии од сечењето на дрвјата.

Проблемот со незаконските згради на функционерите на ДУИ во Чаир се слуша и во објавените разговори меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, каде овој вториот излегува во одбрана на неговите сопартијци. /ФАКТЕ.НЕТ

[Рецензија: Се сечат дрвата во Чаир, ДУИ „крои“ згради]

Новинарот треба да ја пишува веста на начин на кој би ја пишувал за да се информира себеси. Не би имало теоретски и практични шанси новинарот да направи еден напис за да се информира себеси без да има факти и докази во врска со тоа што го пишува. Тогаш, кога за себе не постапуваме така, зошто да имаме таков пристап кон граѓаните, кога станува збор за нивно информирање?!

Текстот што го рецензираме, правејќи многу обвиненија и не докажувајќи ги своите обвиненија, ни кажува дека дрвјата во скопски Чаир се сечат за некои функционери на ДУИ да изградат станбени згради. За вакво неосновано обвинение, новинарот ризикува судска постапка против него. Доколку за тоа што го кажува нема докази и факти што го уверуваат читателот дека вреди и „држи вода“ тоа што го вели новинарот, што да паравиме со одговорноста за ваквите ставови, кои повеќе држат лична отколку професионална страна.

„Новинарот треба да објави точни и докажани информации и нема да прикрие есенцијални податоци и нема да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се каже и објави. Точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно“.
„Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација имајќи ги предвид сите важни аспекти на предметот што се третира“
 – се наведува во Прирачникот за етика во новинарството.

„Функционерите на ДУИ во Чаир од утрово почнале со сечење на дрвјата на улицата Кемал Сејфула, бидејќи истите им пречат на зградите што ги градат овие функционери, известува „Факте“.

Priten drunjët në Çair BDI “harton” ndërtesa screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Се сечат дрвата во Чаир, ДУИ „крои“ згради

Датум и време на објавување: 26.03.2016

Датум на рецензирање: 26.03.2016

Рецензент: Aдриан Керими

Авторот, цитирајќи само еден извор, кој, всушност, е само информација, создал ваков текст. Револтираните граѓани не се гледаат (појавуваат) никаде во текстот. Колку може да е автентично ова што го вели новинарот?!

Потребата за брзина никогаш не смее да ја ризикува точноста, кредибилноста и професионалноста на трудот“.

Новинарот е секогаш обврзан да ја обезбеди и втората страна. Доколку во овој напис граѓаните се претставени како револтирани, освен тоа што се рече погоре, има уште една дополнителна причина да се побара став од функционерите на ДУИ, а особено од компетентните органи на Општина Чаир.

„Револтирани граѓаните се обратија писмено до нашата редакција и испратија фотографии од сечењето на дрвјата.“

Доколку тоа за што се зборува во текстот се докажува преку факти и документи, кои ќе докажат дека зградите што ќе се изградат ќе припаѓаат на фунционерите на ДУИ, тогаш заднината што доаѓа во следниот параграф, би била најсоодветната дополнителна информација за ваков напис. Дури, за да се биде одговорен и професионален докрај пред читателите, овој напис би се категоризирал во категоријата истражувачки написи.

„Проблемот со незаконските згради на функционерите на ДУИ во Чаир се слуша и во објавените разговори меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, каде овој вториот излегува во одбрана на неговите сопартијци. /ФАКТЕ.НЕТ“

Применливо и професионално е додека се зборува за еден објавен телефонски разговор, како тој меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, истиот да се линкува, за читателот, кој е љубопитен да знае за што навистина станува збор, да може полесно да стигне до тој разговор.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

Не се објавени факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Со толку колку што е кажано, не!

Не е исклучено

Не е исклучено

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести