verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиуми без потврда на искази – лош пример во историјата

on 4 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #102 - 'Rufi Osmani merrë timonin që ta udhëheq Këshillin Opozitar, Kim Mehmeti mbetet në histori!_' - www_zhurnal_mk_content

Напис: Руфи Османи го зема кормилото за да го води Опозицискиот совет, Ким Мехмети останува историја!?

Скопје, 9 март – Експретседателот на НДП, Руфи Османи, овие денови ќе биде именуван на позицијата претседател на Опозицискиот совет во Македонија, дознава неофицијално „Журнал“.

Тој ќе се именува за да ја консолидира албанската опозиција во Македонија, со исклучок на ДПА на Мендух Тачи.

Османи, кој има голем авторитет меѓу политичката елита и е симбол на националниот отпор, со неговиот авторитет ќе ги елиминира предрасудите и несогласувањата на малите партии на Албанците, што ќе има цел нивно здружување за да на идните парламентарни избори на 5 јуни освојат победа.

Инаку, Османи денес е универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и беше остро критикуван од претседателот на НДП, Весел Мемеди, откако тој еден ден порано изјави дека зад сценариото за негово менување од претседателската позиција во HДП стои професорот Руфи Османи.

Овие критики Османи ги демантираше, велејќи дека тој постојано работел за доброто и за перспективата на партијата НДП. Од друга страна, Опозицискиот совет во Македонија, на чие чело во моментот стои Ким Мехмети, ќе претрпи измени во своето раководство.

На местото на Мехмети ќе дојде професорот Руфи Османи, кој како една амблематична фигура ќе состави една јасна стратегија околу тоа како овој совет ќе оствари подобри резултати на наредните парламентарни избори. Неофицијално, аналитичарите проценија дека зад последните настани во НДП стои публицистот Ким Мехмети, меѓутоа неговото заминување од челото на Опозицискиот совет ќе му даде една нова енергија на овој совет кој ќе работи за доброто на Албанците во Македонија.

Во партијата НДП моментално се дискутира за разрешувањето од функција на претседателот на НДП, Весел Мемеди, и за именувањето нов претседател. Се дознава дека новиот претседател на НДП ќе биде еден близок соработник на професорот Руфи Османи, за кој се очекува да се врати во политичката сцена во Македонија.

[Рецензија: Руфи Османи го зема кормилото за да го води Опозицискиот совет, Ким Мехмети останува историја!?]

Последните случувања во Националната демократска преродба поттикнаа интерес на јавноста за да се види што се случува во оваа партија, со нејзиниот лидер и како ќе се одвиваат работите понатаму. Нормално дека во потрага по кликнувања, порталите се ориентираат кон создавање вести повикани на анонимни извори и честопати конструкции од самите новинари. Таква е веста што е предмет на оваа рецензија. Веста почнува со тврдењето дека експретседателот на НДП, Руфи Османи, овие денови ќе биде именуван за претседател на Опозицискиот совет, тврдења кои се основани само на неофицијални информации и од ниту едно друго место.

Rufi Osmani merrë timonin që ta udhëheq Këshillin Opozitar Kim Mehmeti mbetet në historiЛинк до оригиналниот напис: Руфи Османи го зема кормилото за да го води Опозицискиот совет, Ким Мехмети останува историја!?

Датум и време на објавување:  09.03.2016

Датум на рецензирање: 15.03.2016

Рецензент: Бенјамин Арифи

Ако во насловот тврдењата дека Руфи Османи ќе биде претседател на Опозицискиот совет се ставени под прашалник, на почетокот од текстот авторот ги отстранува сите сомнежи и е сигурен дека така и ќе биде.

„Експретседателот на НДП, Руфи Османи, овие денови ќе биде именуван на позицијата претседател на Опозицискиот совет во Македонија, дознава неофицијално „Журнал“.“

Тоа што требало да има во овој текст, а недостига, е барем ставот на Руфи Османи, дали навистина ќе биде на чело на Опозицискиот совет, како што се вели во содржината. На таквата вест изреагирал и самиот Руфи Османи на неговата фејсбук-страница, демантирајќи ги овие информации. Медиумот го објавил демантот на Османи, но не целосно, туку делумно, криејќи го фактот дека демантот е насочен директно кон таа редакција.

„Професорот Руфи Османи реагирал на последниот напис во кој пишува дека тој ќе биде претседател на Опозицискиот совет во Македонија. Тој вели дека неговата политичка кариера е завршена и дека политичката сцена сега веќе е дел од неговото минато

Целосниот демант на Руфи Османи, кој може да се види на неговата официјална фејсбук-страница, гласи вака:

Демант: Информацијата објавена на порталот „Журнал“ е невистинита!

Во низата дезинформации што во последно време кружат во јавноста во врска со моето враќање во политиката, денеска беше објавен еден напис во порталот „Журнал“ за мое наводно вклучување во Опозицискиот совет.

Со најголема морална одговорност изјавувам уште еднаш дека јас сум ја избршал мојата политичка кариера и дека политичката сцена сега веќе е дел од моето минато.

Во согласност со погоре напишаното, Руфи Османи нема да биде дел од ниеден политички и неполитички форум, вклучувајќи го овде и Опозицискиот совет или некоја друга коалиција, без разлика од кои политички субјекти би била составена.

Во Гостивар, 9 март 2016 година, Руфи Османи.

Новинарот не се потрудил да земе изјава ни од Ким Мехмети, за кого во текстот се вели дека ќе биде разрешен деновиве од Опозицискиот совет, и повикувајќи се на анонимни аналитичари, го обвинува него и за настаните во НДП.

„Неофицијално, аналитичарите проценија дека зад последните настани во НДП стои публицистот Ким Мехмети, меѓутоа неговото заминување од челото на Опозицискиот совет ќе му даде една нова енергија на овој совет, кој ќе работи за доброто на Албанците во Македонија.“

За овие силни тврдења, требало да се побара официјален став од Ким Мехмети, бидејќи во спротивно тој може да се соочи со нив и преку судска постапка.

Кодексот на новинарите на Македонија вели дека:

Докажувањето на податоците и на точноста се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од колку што е можно повеќе извори, најмалку од два независни извори.

Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа врз новинарот, затоа е важно тој самиот да влијае и да обезбеди објавување на демант, корекција или одговор во медиумот каде што е објавена содржината, чиј автор е самиот тој. На овој начин, новинарот го заштитува својот интегритет, но и интегритетот на медиумот каде што работи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести