Силен порив да се оцрни Спасовски
Објавено во Рецензии
on 7 - 04 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: Оливер Спасовски во обид да предизвика хаос пред да си ја поднесе оставката]
Текстот што е предмет на оваа рецензија зрачи со силен порив за дискредитација на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Написот, всушност, го запазува континуитетот на оцрнување на Спасовски, кое почна од неговото стапување на челната позиција во МВР и со несмален интензитет се форсира за цело време на извршувањето на функцијата.
Овојпат, тој неосновано се обвинува за „предизвикување хаос“ во Министерството за внатрешни работи, без да бидат понудени соодветни факти дека Спасовски демонстрирал вакво однесување. Ваквата порака се соопштува уште во тенденциозниот наслов, а таква интонација има и целата објава.
Линк до оригиналниот наслов: Оливер Спасовски во обид да предизвика хаос пред да си ја поднесе оставката
Датум и време на објавување: 06.04.2016
Датум на рецензија: 07.04.2016
Рецензент: Силвана Жежова
КОМЕНТИРАЊЕ
За смената на кадрите, за кои се зборува на почетокот на текстот, не се нуди ниту еден доказ што ќе го поткрепи тврдењето. Оваа еднострана и необјектива медиумска содржина, на споменатите лица им припишува политичка припадност, повторно, без да ја докаже.
За „незаконските спорни решенија“ во написот не се посочува никакво законско образложение за нивната спорност. Нема ниту повикување на Законот за работни односи за да се докаже дека споменатите решенија навистина се незаконски.
„Според информации на Пресс24, Спасовски донел 100 решенија за уназадување на раководители на организациони единици во сектори на МВР, а на нивно место унапредил други лица надвор од процедурите.Според извори од МВР се работи за кадри блиски до СДСМ. До сега техничкиот министер има донесено околу 500 спорни решенија кои се незаконски.“
ПРИСТРАСНОСТ
Во однос на решенијата за привремената мерка на Управниот суд, со која се стопираа решенијата на Спасовски за назначување нови началници и за унапредување на 17 лица, тој поднесе жалба до Вишиот управен суд, така што не станува збор за игнорирање на судот, како што се тврди во текстот.
Исто така, во написот се забележува тенденција на поврзување на однесувањето на Спасовски со лидерот на матичната партија, Зоран Заев, правејќи притоа наменска конструкција дека двајцата не ги почитуваат институциите на системот.
„Управниот суд, со времена мерка, ги стави вон сила и решенијата на Спасовски со кои беа унапредени уште 17 лица. Но, Спасовски одлучи уште на почетокот на годинава да го игнорира судот и неговите одлуки, по примерот на партискиот лидер Заев да не ги почитува институциите.“
Текстот не се ни обидува да биде барем малку посодржаен и со издржана аргументација да ги поткрепи тврдењата кои се изнесуваат. А без соодветни факти и докази, не е задоволен првиот услов за професионален новинарски текст, а тоа е вистинитоста. Со отсуство на овие елементи, а со тврдењата кои се искажани и кои главно се коментаторски и еднострани, материјалот е шпекулативен и ставен во функција на политичка пресметка.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови