verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Широк прозорец за јавни навреди

on 7 - 04 - 2016       

janeva

[Рецензија: Специјален“ завод за вработување – тимот на СЈО проширен за 34 членови]

 

Пропагандната војна што се води против Специјалното јавно обвинителство продолжува со несмалено темпо и жестокост. И од овој прилог тоа може да се потврди – не е важно што не постојат веродостојни извори и докази, важно е темелно  да се извалкаат поединци со интегритет и имиња на јавни личности. Овој текст, инаку, е објавен како истоветен, само со изменети наслови во многу информативни гласила, што остава впечаток дека е напишан од едно место, ама го одбравме овој кој барем има потпис на автор, што значи се пледира на оригиналност.

http___www.alfa.mk_News.aspx_ID=107818#.VwYnxfl96UlЛинк до оригиналниот напис: „Специјален“ завод за вработување – тимот на СЈО проширен за 34 членови

Датум и време на објавување: 05.04.2016, 18:02:26

Датум на рецензирање: 06.04.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

СТРОЕЊЕ БЕЗ ДОКАЗИ

„По милионските суми кои ги побара за функционирање на нејзиното Специјално обвинителство и стан во метрополата, Катица Јанева нареди вработување за дури 34 лица. Од СЈО молк. Иако со новата одлука на Јанева се одлеваат многу средства од државниот буџет, таа се уште нема информација за јавноста. Според експертите, обвинителството на Јанева станува база за вработување на партиски кадри и членови од семејствата на нејзините обвинители. Од пишувањата на Курир, една од 34 нововработени е и Елена Јосифовска, ќерка на една од обвинителките во СЈО, а вработен е и  Владимир Миладиновски, дел од нејзиното семејство. Вработување добил и Љупчо Чучурски од Берово роднина на обвинителот Гаврил Бубевски.“

Овој сегмент од прилогот е доволен да објасни дека нема скрупули кога јавно се изнесуваат имиња на наводно нововработени во СЈО. И тоа без повикување на конкретен извор. Она „пишувањето на Курир“,  секако дека не може да се респектира бидејќи и таму нема наведено извор на сознанието. Уште во првата реченица од цитатот ја имаме темата, ама и своевидно „засилување“ (обвинителката си купила или ѝ купиле, не е јасно „стан во метрополата“) што секако нема врска со насловот и со определбата за изборот на она што ќе се пишува, ама очевидно треба да ја засили „црната боја“ во колоритот на прилогот.

При докажувањето освен што треба да се открие колку е релеватен изворот (да претпоставиме дека се работи за Агенцијата за вработување или пријава во ПИОМ), треба да се објасни и роднинската врска, ама што е поважно – дали постои судир на интереси во дадениот случај.

 

ОБВИНУВАЊА МНОГУ, А ДОКАЗИ?

Еден од обвинетите дека наводно примал хонорар за стручни совети што ги давал на СЈО, а имал позитивни коментари во медиумите за работата на обвинителката Јанева и за нејзините соработници  – адвокатот Тортевски, веќе се произнесе јавно со негација на каква било комерцијална врска со оваа нова институција и појасни дека се работи за јавно изнесување на сопствено мислење. Им порача на пишувачите во британски манир – да се обложат со него. Имено, во прилогот стои едно сознание кое е на рангот на пренесување на озборување, а  може да биде сериозна навреда на крајот на „алката“ во преносот. Имено, се вели:

„Во медиумите уште вчера кружат информациите дека експертскиот тим кој треба да ја советува Јанева се и адвокатот Тортевски, поранешниот обвинител Јован Трпеновски и професорот Шкариќ , кои деновиве се поставуваат како заштитници на специјалната обвинителка. Ваквите информации од СЈО ниту ги потврдија, ниту негираат.“

Но, отсуството на прецизни извори, не го скусува прилогот, туку тој принцип „некои велат“, „пишува Курир“ се шири како хармоника, па се споменува неков си факт „дека 60 проценти од граѓаните“ не го го одобруваат работењето на Јанева, без да се направи конкретен обид и да се даде барем линк за тоа истражување.

Толку обвиненија во еден прилог, а ниту едно поддржано со нешто што се очекува дури и од ѕиден весник, а да не зборуваме за сериозен прозорец кон јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести