verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Гајба, пиво и „чанче муабет“

on 7 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Untitled

[Рецензија: Заев наводно подготвен за избори а преку институциите прави опструкции]

Како прво, не се знае дали е ова анализа, извештај, коментар, мислење… Многу повеќе личи на вторите наведени жанрови.

 

04062016-Press24-SDSM-IzborЛинк до оригиналниот напис: Заев наводно подготвен за избори а преку институциите прави опструкции

Датум и време на објавување: 05.04.2016, 22:17

Датум на рецензирање: 07.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БРОЈКИ ИСТРЕСЕНИ ОД РАКАВ

Коментарите извираат речиси во секој пасус и се интегрирани во текстот. Всушност, целиот текст е коментар.

Како второ, манипулира со бројки како истресени од ракав, што не е никако дозволиво ако станува збор за сериозен медиум:

„Заев и т.н. здружена опозиција, составена од ситни партии кои заедно не тежат ниту 1000 гласа на македонската политичка сцена денеска излегоа со став дека се подготвени за избори.“

Наспроти ова, официјалните извори тврдат дека „помалите“ партнери во коалицијата на СДСМ освоиле седум пратенички места, што секако не се добива со само 1.000 гласа. Ова само колку да ја илустрираме несиозноста кога се изнесуваат вакви податоци во текст кој треба да биде професионално новинарски, а не чанче муабет.

Како трето: Се цитира изјавата на Заев дека опозицијата е подготвена за избори, а во исто време се накалемува теза дека опструираат.

И четврто: Што била опструкцијата? Незавршени активности во СВР Куманово и Струмица?!?

И на крајот, регистрираме уште една крајно непрофесионална и понижувачка постапка на овој текст. Замислете, не го знаат презимето на генералниот секретар на Државната изборна комисија (ДИК). Еве како изгледа една реченицата како производ на една таква непрофесионалност:

„Слична беше и ситуацијата со Генералниот секретар на ДИК Добре , кадар на СДСМ, кој цел месец не сакаше да провери 5.000 записи иако за тоа зема плата од граѓаните.“

Како да е Добре лик од „чанче муабет“ пред кооперација на гајби со пиво и посебна салама. Со вегета.

Инаку, генералниот секретар на ДИК се вика Добре Јанчев.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести