verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Приказна која неаргументирано се подгрева

on 7 - 04 - 2016       

Spasovski - Primislav Dimovski

[Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него]

Овој напис воопшто не се труди да биде вистинит. Речиси целиот е пристрасен и професионално некоректен. Навивачките елементи се присутни од почетокот до крајот на текстот.

spasovski alfi vnatresna kontrolaЛинк до оригиналниот напис: Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него

Датум и време на објавување: 4.04.2016, 21:09

Датум на рецензирање: 07.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НАПИШАНО, А НЕПРОВЕРЕНО

„МВР, засега, чува во тајност дали новоназначениот командант на единицата „Aлфи“ Примислав Димовски, постапил спротивно на процедурите, ослободувајќи  приведено лице, кое „Aлфите“ го уапсиле бидејќи кај него пронашле нож.“

Во овој текст, особено во посочениот пасус, гледаме непочитување на правилата на новинарската работа за проверување на фактите. А тоа можело лесно да се стори ако било свртено на еден телефон и од МВР се добиела официјална информација.

Вака, имаме текст на база на шпекулација, кој не нуди аргументација за напишаното. Ако, како што тврди текстот, има процедура која се одвива во секторот за внатрешна контрола во МВР, зошто текстот не претпостави дека сè уште се работи на случајот, туку паушално, од ракав вади дека ова министерство молчи?

Текстот, инаку, е преземен без линк од друг медиум, но не е критички опсервиран туку, напротив, коментаторски се доработува, без да се води сметка за професионалните стандарди.

 

„Како што објави телевизија Алфа, тим од единицата за прв одговор и интервенција уапсиле лице кај кого пронашле нож, осомничениот со лисици на рацете стигнал само до полициската станица Центар, а според извештајот на „алфите“, тие морале да го ослободат бидејќи така им наложил новиот командант Димовски, кој на позицијата е од февруари по наредба на министерот Спасовски.“

Ова е еден од оние текстови што немаат никаква нова информација. Наместо тоа, содржат само намера да атакуваат некого со стари шпекулации и со недокажани инсинуации само за да се подгрева тензијата.

Со тоа се кршат членови од Кодексот на новинарите:

  1. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Инаку, целиот текст е во тој стил – за наводни конспирациски приказни во МВР, кои со ништо не се аргументираат. Нема дополнителна официјална информација, како што треба да има еден издржан текст. Од сето тоа може да се заклучи дека текстот има само една намера, а тоа е политичка пропаганда за да се омаловажи министерот за внатрешни работи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести