verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ширење стравови со предумисла

on 8 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

sitel 1

[Рецензија: Врие полиција во Скопје, дел од улиците затворени – надлетуваат хеликоптери]

Еве го коментарот на нашиот читател придружен на предлогот да го рецензираме овој текст:

„Овие евтини трикови ги поминуваат сите граници на просто изживување со нервите на нормалните читатели. Врие од полиција веќе секој втор ден, но тоа го знае секој што живее или бил во Скопје последниот месец поради „спектаклот“ за судењето околу Диво насеље. Ваков наслов да ставиш денес, во таква зовриена атмосфера е изживување, потсмејување, море д… во здрав мозок“.

Сосема е во право нашиот читател. Насловот е навистина сензационалистички и воопшто не е соодветен на заклучокот што некој може да го изведе од него, со реалната ситуација.

Чиста манипулација заради читаност.

Препораките за добро и професионално новинарство велат дека вестите треба да бидат комплетни и пропорционални.

Настојувањето вестите да бидат пропорционални во однос на нивното значење е, исто така, во основата на трагањето по вистината. „Дувањето“ на настаните заради сензационализам, потценувањето на другите извори, стереотипизирањето и несоодветниот негативен став, не создаваат веродостојни мапи на вистината.

 

04062016-Sitel-Vrie-policijЛинк до оригиналниот напис: Врие полиција во Скопје, дел од улиците затворени – надлетуваат хеликоптери

Датум и време на објавување: 07.04.2016 – 10:12

Датум на рецензирање: 08.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

Соодветен на овие препораки е принципот што го сугерира Кодексот на новинарите на Македонија во членот 8 кој вели:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Правото на јавноста да биде информирана не може да биде оправдување на потребата од сензација. Оттаму, не смее заради атрактивноста на текстот, односно прилогот да  се поттикнуваат неосновани стравови кај публиката или да се манипулира со нејзините емоции.

Зашто не мора да се сите во тек со настаните, како што сугерира нашиот читател кој го предложи овој текст за рецензија. Во таа смисла, новинарите и медиумите никогаш не треба да ги злоупотребуваат емоциите или чувствата на луѓето заради нивната неинформираност, нивното незнаење или заради неможноста за расудување на последиците од некои настани.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести