verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сечење, лепење и монтирање изјави

on 8 - 04 - 2016       

Bejli i Orav - Kanal 5 - crop

[Рецензија: Бејли и Орав: Изборите на 5 – ти јуни ќе се одржат]

 

Кодексот на новинарите на Македонија во основните принципи на однесување предупредува дека новинарот треба да го почитува плурализмот на идеи и на ставови, а во првиот член вели дека треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Зошто текстот што го рецензираме почнува со одредбите на Кодексот, кои обично ги ставаме на крајот? Затоа што овој текст е груба манипулација со интервјуто со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, пред сè во насловот „Бејли и Орав: Изборите на 5 – ти јуни ќе се одржат“.

Ако се спореди напишаното и она што амбасадорите го кажале, очигледно е дека оваа конструкција не кореспондира со вистината.

 

Bejli i Orav - Kanal 5 - 5 juniЛинк до оригиналниот напис: Бејли и Орав: Изборите на 5 – ти јуни ќе се одржат

Датум и време на објавување: 04.04.2016 19:53

Датум на рецензирање: 07.04.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

СЕЧЕНО ЛЕПЕНО И МОНТИРАНО

Текстот прави манипулација и на читателите им пренесува „ставови“ на амбасадорите – коишто тие не ги кажале! Фалисфикува факти и објавува невистина, за наводните изјави на амбасадорите да кореспондират со ставот на актуелната власт и со политиката што ја брани медиумот.
Дали овој цитат кореспондира со она што го кажал Аиво Орав во врска со изборите?

„Сите политички партии се изјаснија дека се подготвени за избори на 5 – ти јуни. Овие избори ќе донесат некои избори во процесот, но на крај датумот на изборите може да го смени само собранието.“

Но, Аиво Орав вели:

„По одложувањето на изборите за 5 јуни забележан е важен напредок во поглед на избирачкиот список и работата на ДИК, се вршат теренски проверки… дали некои имиња може да се избришат од списокот, тоа е сложено техничко прашање и народот има право на жалба ако смета дека има грешки…. тие грешки треба да се исправат до 6 јуни или кога и да се одржат избори, сепак има уште прашања во овој процес, тие прашања треба да ги поставува и народот и собранието и партите зашто сепак од нив зависи одлуката за датум на изборите.“

БЕЈЛИ И ОРАВ ТОА НЕ ГО ЗАСЛУЖИЛЕ

Во следниот акцент, кој се однесува на Договорот од Пржино, уште повеќе се извртени фактите и невистинито се пренесени зборовите на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав. Во врска со Договорот од Пржино, Орав во интервјуто вели:

„Договорот од Пржино и неговата имплементација се соочуват со големи проблеми. Политичките лидери имат големи тешкотии во негово спроведување. Има проблеми и специјалниот обвинител и сметам дека нејзината институција треба да има целосна подршка од сите политички партии и од сите државни институции.“

На читателите им е пласирано нешто сосема друго:

„Договорот од Пржино се спроведува во сите негови делови. Со веродостојните избори ќе биде пратена порака дека Македонија е на добар пат кон Европската унија, велат амбасадорите на САД и на ЕУ , Џес Бејли и Аиво Орав во ексклузивно интервју за Канал 5.“

Важен дел од интервјуто кој се однесува на медиумите и негативната оценка е со умисла исфрлен од текстот. Во тој дел амбасадорите посебно предупредуваат на овој многу важен дел од Договорот од Пржино.

Да не навлегуваме во тоа дали случајно или намерно и дали под нечие влијание, текстот на интервјуто е цензуриран, сечен и лепен. Ќе повториме само дека Кодексот на новинарите на Македонија вели: „Основна задача на новинарите е да ја почитуват вистината и правото на јавноста да биде информирана. Право и должност на новинарите е да ја спречат цензурата и да го спречат искривување на вестите“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

2 извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести