verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинар и гатач кој ги дешифрира „кодовите“ на јавните личности

on 8 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #113 - 'Zhurnal deshifron “Kodin_ e fshehtë të Jankullovskës' - www_zhurnal-ks_com_maqedonia_content__id=Zhurnal-deshifron-Kod

Напис: „Журнал“ го дешифрирал тајниот „код“ на Јанкуловска

Скопје, 24 март – Негативниот став на Јанкуловска кон меѓународниот фактор се изразува и преку сликите што таа ги објавува на својот профил на социјалните мрежи. Денеска таа на својот профил на „Фејсбук“ ја поставила сликата од постерот на филмот „Black Hawk Down“. Инаку, во филмот станува збор за фанатичниот отпор против американските воздухопловни сили, односно за урнатиот хеликоптер од режимот на оваа држава.
Во филмот задача на овие воздухопловни сили е да му делат хуманитарна помош на тамошното население.
Новинската агенција „Журнал“ во обид да ја дешифрира невербалната порака на ставот на Јанкуловска против дипломатските претставници на странските земји, употреби семиотска анализа, наука која го проучува значењето на симболите и на знаците и врши дешифрирање на скриените пораки во нив.

Врз основа на истражувањето на овој статус на Јанкуловка, „Журнал“ претпоставува дека преку оваа слика таа паднатиот хеликоптер го споредува со работата на меѓународниот фактор во Македонија, каде што нивното мешање во работите на државата би завршило со една несреќа како таа што се случила во филмот „Black Hawk Down“.

[Рецензија: „Журнал“ го дешифрирал тајниот „код“ на Јанкуловска]

Во македонските медиуми, без разлика во која рубрика, без разлика во кое време, во која тема или во кој контекст, се пишува сè и сешто. Таков е и овој пример, во кој во рубриката за вести, авторот се обидел да направи една семиотска анализа на статусите на фејсбук-профилот на на една политичка личност, како што е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Zhurnal deshifron “Kodin e fshehtë të JankullovskësЛинк до оригиналниот напис: Журнал го дешифрирал тајниот „Код“ на Јанкуловска

Датум и време на објавување: 24.03.2016

Датум на рецензирање: 05.04.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Доколку анализата се однесуваше на нејзините политички дела, на пораките што таа ги пренесува по митинзите на партијата, на говорот на телото, на изјавите по медиумите, можеби содржината ќе беше помалку „болна“. Но, ваквото расудување само врз основа на еден статус на социјалните мрежи не е во ред и не е професионално.

 „Негативниот став на Јанкуловска кон меѓународниот фактор се изразува и преку сликите кои таа ги објавува на нејзиниот профил на социјалните мрежи. Денеска, таа на својот профил на „Фејсбук“ ја поставила сликата од постерот на филмот „Black Hawk Down”. Инаку, во филмот станува збор за фанатичниот отпор против американските воздухопловни сили, односно за урнатиот хеликоптер од режимот на оваа држава.“

Во продолжение на текстот се прераскажува филмот, кој, божем, има поврзаност со идејата на поранешната министерка за отпор кон меѓународниот фактор, без да се помисли на тоа дека со вакви оценувања може да се предизвикаат непотребни проблеми со нивната содржина и информативниот карактер.

„Врз основа на истражувањето на овој статус на Јанкуловка, „Журнал“ претпоставува дека преку оваа слика, таа паднатиот хеликоптер го споредува со работата на меѓународниот фактор во Македонија, каде што нивното мешање во работите на државата би завршило со една несреќа како таа што се случила во филмот „Black Hawk Down“.“

Во ниту еден момент не се поставило прашањето дали новинарот е компетентен или, пак, соодветен да врши ваков вид анализи во оваа рубрика, затоа што читателот кога ќе кликне во рубриката за информации, тој сака да чита вести, а не шпекулации и претпоставки. Тука едноставно може да станува збор за една љубов кон филмот и која не мора да значи дека се однесува на актуелната состојба во државата. На крајот на краиштата, работа на новинарот е да пренесува информации, а не да коментира.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни,

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести