verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Замелушен поглед по политички рингишпил

on 1 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___infomax.mk_wp_ 1

[Рецензија: ЏЕС БЕЈЛИ, НУЛАНД, ОРАВ И ХОЈТЕ РАБОТАТ ЗА ПУТИН: Целата поддршка од западните амбасадори за Заев била во корист на Путин]

 

Како да се анулира очевидната поддршка на западните политики за напорите на опозицијата да се промени начинот на владеење во државата? Ова, секако, е дилема околу која работат тимови кои ги анализираат работите за сметка на владејачката партија. Веројатниот заклучок е дека е неопходен коперникански пресврт кај западните политички кругови во корист на Груевски. Овој текст се труди, доста конфузно и без јасни и логички претпоставки, тоа да го направи „преку ноќ“. Вреди ли тој обид?

http___infomax.mk_wp_Линк до оригиналниот напис: ЏЕС БЕЈЛИ, НУЛАНД, ОРАВ И ХОЈТЕ РАБОТАТ ЗА ПУТИН: Целата поддршка од западните амбасадори за Заев била во корист на Путин

Датум и време на објавување: 26.03.2016

Датум на рецензирање: 31.03.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ОБИД ЗА СУСПЕНЗИЈА НА ДРЖАВАТА

„По Катица Јанева и белгискиот филозоф Питер Ван Хауте ја суспендираше македонската држава. Човекот кој глумеше медијатор конечно го покажа своето лице. Во изјава за Дојче Веле на македонски јазик, Ван Хауте вели дека власта во Македонија не може да се смени на избори. За трагедијата да биде поголема, на оваа линија од почетокот на кризата се најистакнатите соросоиди, западни амбасадори и целата опозиција, која од почетокот моли во амбасадите на САД, Германија, Холандија, ЕУ и останатите дипломатски претставништва на западните земји, во Македонија да се суспендира државата и народот и да се изврши насилна промена на власта.“

Основен проблем за некакво ново позиционирање на оваа власт во светската политика е што тие кои толку држат до антизападната логика не можат да го победат лесно тој рефлекс, па се обидуваат поддршката на земјите на ЕУ и од Алијансата да ја претворат во поддршка од страна на на поединци или одредени лоби-групи, а да им поттурнат на владите на западните земји „сознание“ дека можеби Заев работи за Путин!?

Во текстот се користи лексиката од типот „Питер Ван Хојте беше гласноговорник на СДСМ и соросоидите во Македонија“, а „на оваа линија во текот на кризата, беа сите меѓународни фактори почнувајќи од Џес Бејли, Аиво Орав до сателитите на Нуланд кои во Македонија даваа поддршка на Катица Јанева и Зоран Заев“.

Можно ли е западните дипломати да се во толкава заблуда? За тоа дека „белгискиот филозоф Питер Ван Хауте ја суспендираше македонската држава“,  веќе знаеме – имало некакво утринско пиење кафе и кој знае што имало во пијалакот, кога се тврди дека Белгиецот бил донесен во заблуда од некои претставници на НВО-заедницата, односно се вели дека ставовите на Ванхауте се идентични со „речиси сите соросови платеници“!

 

КОНЕКЦИЈАТА: ЗАЕВ – ПУТИН

Добро, ако инфлуенцата на антигруевизмот кај западните земји е толку силна, а се базира на само неколку „извори“ дома кај нас, читателот ќе се запраша од каде Заев има конекција со Путин? И дали текстот ја прифаќа воопшто истата, бидејќи од начинот на кој се објаснува таа врска, како таа да не му е јасна до крај ниту на авторот!

„Но интересно е да забележиме дека денес, се соочуваме со американската пропаганда во нејзината најбрутална, манипулативна форма. Имено, одреден професор од некој универзитет во САД, недвосмислено тврди дека Зоран Заев работел по налог на Москва.“

Дури и написот признава  дека „самата констелација на реченицата е нелогична и полна со контрадикторности, но да навлеземе и малку подлабоко“.

И до каде оди таа „длабочина“? Се вели дека – со цитирање на неименуваниот автор (!) и, се разбира, без линк кон него – „неуспехот на САД и западните земји да одберат играч кој ќе може да ги спроведе нивните политики во Македонија, недоволниот капацитет на Зоран Заев, предизвика САД да ги признае сите успеси на премиерот Никола Груевски, но воедно и преку мизерен обид вината за кризата во Македонија да ја префрли на некаква ’руска поддршка за Зоран Заев“.

Текстот продолжува без да го спомене теоретичарот или што и да е тој, дека нема докази дека Зоран Заев се сретнал со некој претставник на Руската Федерација?

„Ако Зоран Заев целата своја поддршка ја црпеше од амбасадорот на САД во Македонија, значи ли тоа дека и Џес Бејли работи за Путин.“

И да не одиме понатаму – навистина што сакал да каже текстот? Дали сакал опозицијата да им го остави Путин ним? Дали преку еден сосема погрешен и веројатно неважен пример сака да укаже на нечија „конфузна пропаганда“,  која преку овој пример е „безнадежна и погрешна“ и кога го критикува Груевски?

Читателот, како и авторот на оваа рецензија, се чувствува замелушено кога ќе се симне од политичкиот рингишпил на оваа објава.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести