verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувано четиво со изместен фокус

on 30 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Фатиме Фетаи со порака_ Сите што го п_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_f

[Рецензија: Фатиме Фетаи со порака: Сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Катица Јанева и Заев]

 

Текст како дојден од друг универзум, најверојатно од некоја паралелна димензија во која сомневањата на едно обвинителство за полициско пречекорување на овластувањата, несоодветна употреба на сила и за политички реваншизам на високи државно-полициски функционери за некого не „држат вода“ поради профилот на жртвата која се карактеризира како „предавник на името“. Оттука, проценето е дека главната порака од прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство на која беше обелоденета истражна постапка за предметот „Тортура“ – апсењето на Љубе Бошкоски пред 5 години, е дека сите што го продавале името ќе бидат заштитени од Катица Јанева. Изгледа дека спинот е главното „новинарско“ оружје во таа паралелена димензија.

 11111Линк до оригиналниот напис: Фатиме Фетаи со порака: Сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Катица Јанева и Заев

 Датум и време на објавување: 28.03.2016 13:39

 Датум на рецензирање: 28.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ИЗВРТУВАЊЕ ТЕЗИ

Напис толку спинуван што чиниш дека е свртен наопаку. Се бара оправдување за делата за кои Специјалното обвинителство отворило истрага преку изместување на тезите и преку заматување на фокусот на јавноста со тврдења дека така т.н. опозициско-обвинителски двоец ќе заштити секого што го продава името. 

Да разјасниме: постапката на СЈО се однесува на чинот на апсење на Љубе Бошкоски и на сомневањата дека станува збор за нарачана одмазничка акција и за прекумерна употреба на сила. СЈО, како што беше соопштено, не навлегува во суштината и во законитоста на постапката за делото за кое Бошкоси бил уапсен, а подоцна и осуден. Целта е како тој бил уапсен и дали притоа биле повредени неговите човекови права поради однесувањето на полицајците, а и целиот медиумски циркуз што притоа следуваше како што покажуваат „опозициските бомби“. Значи, намерно се мешаат тези како да се „баби и жаби“. Да, Бошкоски е осуден за нелегално финансирање предизборна кампања, но прашањето е дали претходно, во моментот кога тој како осомничен бил уапсен, имало нанесување душевна болка. Станува збор за два различни аспекта. Оттука не треба да се поистоветуваат и да се сервираат како исти, како што тоа се прави во написот.

 

ДИРИГИРАНА ИГРА

Општо гледано, целиот пристап на текстот е дека „Бошкоски е предавник на името“, а обвинителката Фетаи го брани баш поради тоа, а не поради сомневања за тортура. Да не беше трагично, најверојатно ќе беше смешно. Опасна спин-игра на „центарот“, диригирана и на другите слични медиуми кои без прашање печатат сè и сешто, макар било и небулоза. Се користи заднина надвор од контекст, зашто истрагата на СЈО, да повториме, се однесува на тоа како било извршено апсењето, а не за делото за кое е уапсен Бошковски.

Материјалот се повикува и на видеоснимка, пробиена во јавноста, на која лидерот на Обединети за Македонија преговара за промена на името. Тоа е „доказ“ за неговиот, да парафразираме, непатриотизам.

 

ПАТРИОТИ, СНИМКИ И „ШИТКАЧИ“

Колку за објективност, има снимка, (што ја објави опозицијата), не видео-, ама сепак квалитетен аудиозапис , на кој тогашниот премиер, сега само лидер на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, прави пазар за името со неговите најблиски соработници. Сега што? Тогаш, според логиката на овој напис, ако Фатиме Фетаи преку прес-конференцијата за предметот „Тортура“ за Љубе Бошкоски наводно праќала порака дека Заев и Јанева ќе ги заштитат „шиткачите“ на името, тогаш тоа значи дека и Никола Груевски е безбеден. Па, нели материјалот тврди дека лидерот на опозицијата и специјалната обвинителка се грижат за тие што го продаваат името?!

Ова е оркестриран текст, напад со сиот расположив медиумски арсенал, во кој вистинитоста е заменета со спин, во кој има изместување на фокусот, четиво кое не се срами од својата пристрасност. Ќе да е паралелна новинарска димензија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести