verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политички памфлет за отстрел, маскиран во напис

on 28 - 03 - 2016       

Republika za Janeva1[Рецензија: Јанева и Заев одработуваат за Грците и радикалните Албанци]

 

Новинарскиот текст што е предмет на оваа рецензија е пример за тоа што се случува кога новинарскиот текст ќе се замени со партиско соопштение, кога информирањето ќе биде засенето од мегафонството, кога професионалните стандарди ќе потклекнат пред политичката сила. Станува збор за производ на намера да се оцрни специјалната обвинителка така што без докази ќе се стави во контекст на политичко дејствување.


111Линк до оригиналниот напис: Јанева и Заев одработуваат за Грците и радикалните Албанци

 Датум и време на објавување: 23.03.2016  11:44

 Датум на рецензирање: 24.03.2014

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

МЕДИУМСКА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО ЕДЕН ЧИН – ЕМ ОБВИНЕНИЕ, ЕМ ПРЕСУДА

Со оваа рецензија ниту браниме некого ниту дообјаснуваме нечии изјави. Едноставно ќе го анализираме и сецираме „новинарскиот криминал“ од професионална гледна точка.

Неиздржано е по секоја цена и без докази да се става знак на равенство меѓу специјалната обвинителка и лидерот на опозицијата. За појаснување, колку што Зоран Заев се согласи со предлогот Катица Јанева да ја добие функцијата, толку тоа го аминуваше и Никола Груевски. Значи, за нејзиниот избор еднакво се, ако може така да се каже, „виновни“ и лидерот на СДСМ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму, во овој напис на изјавата на Јанева ѝ се дава поинаков тон од тоа што таа го кажа, имено се тврди дека таа ја оспорила државата и нејзините институции. Заради коректност и прецизност, ќе се потсетиме на нејзиниот настап, што некои политички партии го проблематизираа, за навистина да видиме што таа кажала:

„Со доказите со кои располагаме, кои со 80 проценти го докажуваат обвинението со кое имаме намера во иднина да настапиме, сметаме дека самиот избор и на претседател и на Уставни судии и на пратеници е доведено во прашање. И тоа е мојот одговор за Уставниот суд. Значи мислам дека сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат Специјалното јавно обвинителство во истрагите за да ја утврдиме вистината“. 

Значи, таа не ја спори државата, туку легалитетот на луѓето на државни функции зашто, како што вели, има докази дека изборите на кои биле избрани, не биле спроведени во согласност со законите.

Сега, од каде нејзиниот настап веднаш се става во конотација со Зоран Заев?! Демек, сè што таа вели било инструкција на лидерот на СДСМ… А каде се аргументите за тие тврдења, зашто сепак станува збор за сериозни обвинувања – дека врвниот обвинител во државата работи по диктат на првиот човек на опозиција? Ако е тоа точно, тогаш тоа е скандал од прва класа, но само доколку е вистинито, а написот дели констатации лево-дело, ама никако да ги поткрепи. Не се користат стандардите на професијата за проверка или поддршка на пласираната информација. Извори нема, соговорници не постојат, недостигаат дури и „редовните експерти“. Така што наведеното ептен „виси во воздух“.

„Јанева вчера се самопромовираше во портпарол на обвинетиот Зоран Заев и како негов слеп послушник изјавувајќи дека не ги признава собранието, уставниот суд и институцијата претседател“.

Според приложеното, вистинитоста не само што е проблематична, туку е непостоечка, зашто нема докази што ќе ја поткрепат тезата на текстот.

Материјалот има содржајност само ако се бараат клевети, обвинувања, навреди и инсинуации. Како по добро натапкан пат, се повторува обвинувањето како за многумина што не се по меракот на власта –  а во овој случај тоа е специјалната обвинителка – дека одработуваат за нечии интереси. Исклучително контроверзниот момент е дека Јанева, заедно со Заев, тоа го правела за Грците и за радикалните Албанци. А тоа е коментирање надвор од сите норми, со тенденција за осомничување, поднесување обвинение и за изрекување пресуда. Сето тоа набиено во еден текст.

„Откако Заев и Јанева ја оспорија државата и сите нејзини важни институции, аналитичарите и експертите прашуваат кој ќе ги спречи сега радикалните Албанци да го оспорат територијалниот интегритет на државата? Тоа што не им успеа со куп притисоци и закани на политичарите во Грција, им успеа на двајца лудаци. Во вакви околности, Грција може слободно да седи со скрстени раце и да ужива во нашето разнебитување“.

Текстот е со светлосни години одалечен дури и од обид за професионално сработување на задачата. Изненадувачка е леснотијата со која материјалот дели обвиненија и опасни тези со голема тежина, а притоа воопшто не внимава на можното влијание.

Една работа е низ експертска призма и низ аргументирани изјави да се анализира настапот на Јанева, а нешто сосема друго е од ракав да се расфрлаат разно-разни заклучоци.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести