Непотврдените „скандали“ не треба да се објавуваат
Објавено во Рецензии
on 25 - 03 - 2016 Автор: Ferikan IljaziНапис: Скандал: Повеќе од 5.000 жители од Косово и од Албанија стекнуваат македонско државјанство за 24 часа?!
Скопје, 16 март – Скандал ја тресе Македонија. Повеќе од 5.000 косовски државјани познати како „Горани“ и албански државјани кои се изјаснуваат како Македонци, експресно обезбедиле македонско државјанство, дознава агенцијата за вести „Журнал“.
Сите македонски државјанства на овие странски државјани им се доделени на шалтерите на Министерството за внатрешни работи, лоцирани во зградата на Македонската радио-телевизија во Скопје.
„Журнал“ дознава дека државјанствата се дадени во последниве шест години, поточно од 2010 до 2015 година, кршејќи ги сите закони на Македонија, бидејќи овие граѓани, без да исполнат ниту еден услов стекнале македонско државјанство.
Агенцијата за вести „Журнал“ ја дознала маршрутата како косовските и албанските државјани обезбедиле македонско државјанство во рок од 24 часа.
„Косовските граѓани познати како „Горани“ дошле на шалтерите на МВР во Скопје, ги пополниле формуларите и аплицирале со гаранција од функционерите на една македонска партија. Утредента државјанството го зеле на рака од истиот шалтер. Но, за експресно да се стекне државјанство, барателот требало да се изјасни дека е Македонец од косовска Гора или Македонец од Албанија“, дознава агенцијата за вести „Журнал“.
АЛБАНЦИТЕ СЕ РАЃААТ И УМИРААТ И НЕ ДОБИВААТ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО
Од друга страна, многу Албанци, иако се родени во Македонија, само затоа што се во брак со државјани на Република Косово, никогаш не можат да стекнат македонско државјанство.
Дури има и случаи кога многу жени Албанки од Македонија од страна на македонските тајни служби добиле одговор дека не можат да стекнат државјанство бидејќи претставуваат ризик за државниот суверенитет на Македонија.
ГЛАВНАТА ПРЧКА ЗА АЛБАНЦИТЕ Е МАКЕДОНСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА
Според постапката, за да стекне македонско државјанство, еден странски државјанин треба да добие позитивно мислење од Управата за безбедност и контраразузнавање, претходно раководена од поранешниот директор, Сашко Мијалков.
Токму оваа институција е пречка што илјадници Албанци од Македонија и ден-денес не можат да добијат македонско државјанство, бидејќи од страна на инспекторите на македонската полиција се квалификуваат како опасни за стабилноста на државата.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДА ГИ ИСТРАЖИ АРХИВИТЕ
„Журнал“ ќе побара објаснување од Министерството за внатрешни работи и од министерот Оливер Спасовски за тоа како е дозволено на експресен начин да стекнат македонско државјанство сите тие косовски и албански државјани. „Журнал“ апелира овој скандал да се осветли што побргу, бидејќи во архивите на МВР точно се знае кои косовски и албански државјани добиле државјанство од 2010 година.
[Рецензија: Скандал: Повеќе од 5.000 жители од Косово и од Албанија стекнуваат македонско државјанство за 24 часа?!]
„Скандал ја тресе Македонија. Повеќе од 5.000 косовски државјани познати како „Горани“ и албански државјани кои се изјаснуваат како Македонци, експресно обезбедиле македонско државјанство, дознава агенцијата за вести „Журнал“… Агенцијата за вести „Журнал“ ја дознала маршрутата како косовските и албанските државјани обезбедиле македонско државјанство во рок од 24 часа.“
Многу големо за да се проголта веднаш како вистина. Оваа вест, на прв поглед, без да се влезе подлабоко, изгледа веродостојна. Зборува со голема сигурност, како да има неспорни докази за ова тврдење. Насловот е доста привлечен, а исто така и текстот. Но, откако ќе се прочита, станува јасно дека ништо од тоа што е кажано не е потврдено или поддржано со соодветни факти.
Линк до оригиналниот напис: Скандал: Повеќе од 5.000 жители од Косово и од Албанија стекнуваат македонско државјанство за 24 часа?!
Датум и време на објавување: 16.03.2016
Датум на рецензирање: 18.03.2016
Рецензент: Ферикан Илјази
Сè што е напишано во оваа содржина е според тоа што „дознал“ медиумот. Но, дали еден медиум треба да прикаже некоја информација на која читателите „задолжително“ треба да ѝ поверуваат со затворени очи, без да им се понудат факти?
„Журнал дознава дека државјанствата се дадени во последниве шест години, поточно од 2010 до 2015 година, кршејќи ги сите закони на Македонија, бидејќи овие граѓани без да исполнат ниту еден услов стекнале македонско државјанство“.
Ова тврдење е уште посериозно, но вистината може да се докаже на разни начини. Во текот на годините во медиумите во Македонија се анализирале разни теми во врска со прашањето на државјанството – почнувајќи од давање државјанства за изборни манипулации, па сè до немањето државјанство од многу граѓани во речиси сите градови на земјава или случаи на граѓани со потекло од Косово или Албанија што се родени и умираат во Македонија, без да фигурираат како нејзини државјани. И потоа, може да се постави прашањето како се случува некој одеднаш да добие државјанство и тоа без да ги исполнува условите, кога илјадници луѓе со сите исполнети услови не стекнале државјанство.
Текстот продолжил опишувајќи го малку подетално начинот како граѓаните добиле државјанство. И, сето ова е напишано без да се прикаже ниту една фотографија, документ или доказ што ќе ја покаже директно постапката на незаконското добивање државјанство.
„Косовските граѓани познати како „Горани“ дошле на шалтерите на МВР во Скопје, ги пополниле формуларите и аплицирале со гаранција од функционерите на една македонска партија. Утредента државјанството го зеле на рака од истиот шалтер. Но, за експресно да се добие државјанство, барателот требало да се изјасни дека е Македонец од косовска Гора или Македонец од Албанија“, дознава агенцијата за вести Журнал“.
Откако ќе се објаснат сите пречки за доаѓање до државјанство, што веќе се познати за јавноста, во содржината се истакнува дека агенцијата ќе „побара објаснување“ од МВР во врска со случајот што го дознала и апелира за откривање на скандалот. Од рамките на медиумот, преку улогата на аналитичар или познавач на околностите, се излегува во улогата на политичка партија или некоја организација што се занимава со овие проблеми.
Оваа вест, која иако изгледа дека може да биде вистина, не може да се толкува толку лесно и непрофесионално. Кажаното дека објаснување од полицијата ќе се побара во иднина, како и недостигот од докази или сведочења, покажува дека авторот не се обидел да контактира со полицијата, некоја институција или релевантна организација, ниту, пак, со некој граѓанин што успеал да добие државјанство на „експресен“ начин. Верификацијата на вестите е света, особено за вакви сериозни тврдења, па затоа не е доволно содржината да се заснова само на изворот на агенцијата што ја напишала веста.
Доколку станува збор за извор што настојува на анонимност (што не се индицира никаде во текстот), нешто што новинарот има обврска да го овозможи, тој сепак треба да најде индиректен начин да ѝ ја објасни на јавноста релевантноста на изворот, без да ја ризикува неговата безбедност и анонимност (на пример, дали станува збор за извор од МВР или за граѓанин кој поминал низ оваа постапка, или некој негов близок, сведок на тоа?). Важноста на вистинитоста на веста и нејзиното потврдување ја нагласува и член 1 од Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија, каде се вели дека:
- Новинарот има право на пристап до сите извори на информации што се од јавен интерес.
- Новинарот треба да објави вистинити и потврдени информации и нема да скрие суштински податоци или да фалсификува документи.
- Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се нагласи и да се објави.
- Точноста на информацијата треба да се потврди колку што е можно.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови