verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста не треба да се протолкува погрешно!

on 29 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #082 - 'Vendoset një kryq në Radishan I Iliria News Agency' - ina-online_net_vendoset-nje-kryq-ne-radisha

Напис: Во Радишани е поставен крст

По последните судири околу изградбата на огромен крст во општина Бутел, се чини, сè уште е откажана реализацијата на оваа идеја. Овојпат „битката“ продолжува во Радишани.

Овде е поставен крст на средина на патот, но никој порано не го забележал. Жителите велат дека има неколку дена откако е поставен крстот, но не знаат од кого.

Додека едни мислат дека крстот не нуди никаква придобивка и дека треба да изградат фабрики, други мислат дека крстови треба да се постават дури и на појавни места и да бидат уште поголеми, како тој што требаше да се изгради во Бутел.

Според „ТВ Нова“, дрвениот крст во Радишани, наскоро ќе се претвори во метален и ќе биде со поголеми пропорции.

[Рецензија: Во Радишани е поставен крст]

Толкувањето се разликува од веста. Новинарите, пред да се одлучат да известуваат за едно прашање, треба да се сигурни дека ги обезбедиле сите потребни елементи за една професионална вест. Повикувањето на нерелевантни извори и нивна комбинација со елементи на коментар, на написот му ги засенуваат елементите на веста. За „битката“ за крстот, новинарот е обврзан да направи професионална битка, што подразбира растојание, но и вклучување на страните засегнати во текстот.

„По последните судири околу изградбата на огромен крст во општина Бутел, се чини, сè уште е откажана реализацијата на оваа идеја. Овојпат „битката“ продолжува во Радишани. Овде е поставен крст на средина на патот, но никој порано не го забележал. Жителите велат дека има неколку дена откако е поставен крстот, но не знаат од кого.“

Vendoset një kryq në Radishan screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Во Радишани е поставен крст”

Датум и време на објавување: 21.03.2016

Датум на рецензирање: 23.03.2016

Рецензент: Адриан Керими

Споредбите и ставовите што се прават во текстот и што, всушност, треба да ги прават читателите, се пристап што може да поттикне меѓуверска омраза. Во случаи кога се допираат чувствата на јавноста и особено кога станува збор за верски прашања, авторот треба да се дистанцира од влијанијата и од емоциите и да известува одговорно, грижејќи се за откривање и за отстранување на причините за конфликти. Новинарот, секако, има одговорност за јавно кажаниот збор.

Член 10 од Прирачникот за етика во новинарството, параграф2: :„Етичкиот и професионален кодекс на новинарите им наметнува одговорност за јавно кажаниот збор. Нивните ставови се важен фактор во формирање на јавното мислење, бидејќи јазикот на омраза е недостоен за новинарската етика.“

„Додека едни мислат дека крстот не нуди никаква придобивка и дека треба да изградат фабрики, други мислат дека крстови треба да се постават дури и на појавни места и да бидат уште поголеми, како тој што требаше да се изгради во Бутел. Според „ТВ Нова“, дрвениот крст во Радишани наскоро ќе се претвори во метален и ќе биде со поголеми пропорции.“

Мултимедијалниот аспект е една од клучните точки на веста. Авторот е обврзан секогаш да обезбеди фотографија (во овој случај), која целосно се совпаѓа со текстот. Толку далеку ли е Радишани што авторот не можел да излезе на терен и да направи една фотографија што би зборувала повеќе од текстот? На читателот треба да му биде јасно дека професионалното новинарство функционира со инспекција на терен, која треба да биде извршена од новинарите. Фотографијата прикачена на текстот што го рецензираме е земена од друго место и не е наведено авторството. Освен ова, друг факт што сведочи за непрофесионалното работење и за несериозниот пристап е и немањето потпис од авторот под оваа содржина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

Непотврдени

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Извори на други медиуми

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Има сомненија

извртување на вистина (спин)

Не се исклучува можноста

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

Поттикнувачки говор

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

Манипулативни

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести