Како кликнувањата ја „убиваат“ вистината
Објавено во Рецензии
on 29 - 03 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја]
„Кликнувања ли се кликнувања, (не)новинарски маки големи“…..
Линк до оригиналниот напис: Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја
Датум и време на објавување: 25.03.2016, 23:00
Датум на рецензирање: 27.03.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
НЕТОЧЕН НАСЛОВ
Манипулација, не по грешка, туку очигледно намерна. Се пласира ептен „бомба-вест“ во насловната конструкција, која нема врска со вистинитата ситуација. Јасна била целта – преку „продавањето“ ветер и магла да се привлечат „кликнувања“ за информација од светот, која вообичаено не би имала многу домашна публика.
Затоа, злоупотребен е реален настан и од него е направен циркус – објавена е неточена вест. Значи Северна Кореја не ја нападнала Јужна Кореја, туку извршила вежба за такво можно сценарио во кое целта на симулацијата била резиденцијата на јужнокорејскиот претседател во Сеул.
Инаку, во текстот јасно се кажува дека станува збор за вежба, што, пак, претставува целосна некоординација меѓу содржината и нејзиното заглавие.
„Идејата на насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата од текстот. Општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското, најновото“, се вели во Новинарски жанрови.
Еве, како можело и требало да биде:
N Korea simulates attack on S Korean president’s residence – BBC.
North Korean military drill reportedly features attack on South’s Blue House – Fox News.
Оттука, кусата вест која е коректно срочена, со добра информација, со прецизно наведен извор, во случајот медиумска куќа, е згрешена со умисла преку употребената формулација во насловот само за да се задоволи маркетиншката, а непрофесионална желба за „кликнувања“ пред сè.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
има во насловот
не аплиактивно
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови