verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Македонски „Пустец“ на истокот

on 29 - 03 - 2016       

 

kustendil 1

[Рецензија: Во Ќустендил „живеат“ 10.857 „фантоми“ од Македонија]

 

Низ една политичка репортажа од Ќустендил добиваме прикриена намера прашањето за дојденците на гласањето во земјава, како лица кои живеат надвор од земјава, со фиктивни адреси во некој наш град, да се – релативизира. Имено, ако од разни побуди македонски државјани постојано пребиваат тука, ама имаат адреси и надвор од Македонија, прашањето е како некој од Мала Преспа би го немал тоа право? Ем да живее реално само во земјава, ама и да има адреса во некој град во соседна земја, макар и во купче со 50-60 – 100 други свои сограѓани? Значи феноменот „гласачи од Пустец“ не е единствен! Ова е веројатно бараниот заклучок.

kustendilЛинк до оригиналниот напис: Во Ќустендил „живеат“ 10.857 „фантоми“ од Македонија

Датум и време на објавување: 27.03.2016, 22:17

Датум на рецензирање: 28.03.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

СТРАВУВАЊАТА НА БУГАРИТЕ

„Не доаѓаме прв пат. Во оваа куќа дојдовме да ги провериме истиве податоци и пред две години кога бугарските медиуми стравуваа дека наводни 1.000 Македонци со бугарски документи, запишани во избирачкиот список на Општина Ќустендил, ќе го определат победникот на предвремените избори. Сопственикот на куќата со број 63 на улицата „Крум Зарев“, Ѓорѓи Глигоров тогаш не го најдовме, но неговите соседи ги потврдија нашите сознанија: навистина тука се регистрирани со нивно живеалиште повеќе од 400 Македонци и истите тие на сопственикот месечно му испраќаат од 5 до 10 евра заради користење на адресата. Овој пат, две години подоцна, бројката е многу поголема.“

Истражувачите сретнуваат случајно и лице кое дознало дека има „потстанари“ Македонци и ги игнорирало, бидејќи немало проблеми. Но, додава дека пари не зело од никого. Истражувачката екипа одново не наоѓа никого, како пред две години, на адресата со 400 „фантоми“. Имаме значи две приказни со затворена врата. Сјајна основа!

Во Општината истражувачите ја добиваат споменатата бројка од 10.857 Македонци кои имаат адреси и лични карти во оваа општина, ама не и увид во некоја од нив – се работело за „класифицирани податоци“. Ова сознание повеќе изгледа како укор за нашите органи кои дозволија граѓаните да си се препознаваат (бараат) по интернет на избирчкиот список. И одново, иако, наводно, имаме службеничка на Општината, таа нема ни име ни презиме ни функција (!) – „била колешка на таа што била зафатена да ги прими“. Толку од официјалата…

 

А ШТО Е СО БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ?

И екипата е надвор, на улиците на Ќустендил – одново анонимни соговорници низ градот кои или чуле нешто ама не знаат ништо конкретно или не ги интересира темата. Прашаните, се разбира, немаат некаков идентитет, ниту фотографии, ниту адреси и имиња на наши сограѓани.

Индикативно е дека е добро сокриен и мотивот заради кој Македонци се одлучуваат да живеат на две адреси – земање бугарски пасоши! Е, тоа би било неповолно сознание за системот и за состојбите во земјава. Најфантомското нешто во сторијата е токму прашањето што бараат толку Македонци на адреси во Ќустендил? И понатаму – дали го користеле правото да гласаат, имале ли бугарските кандидати на изборите проблеми и слично?

Истрагата во Ќустендил била залудна и дискутабилно е дали заслужува да биде објавена или да се оцени како неупотреблива. Но, се разбира, се работи за спин, кој морал да осамне во најава на насловната на веб-страницата за тој ден.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести