verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Погрешно лоцирање за манипулирање

on 21 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

angjelina gjoli

[Рецензија: Анџелина Џоли денес доаѓа во Македонија]

 

Написот претставува најава за настан, но има сосема погрешен наслов, бидејќи настанот се одвива во соседна Грција. Ваквиот наслов и категоријата во која е објавен текстот оставаат впечаток дека намерата била да се соберат што повеќе кликнувања, а не прецизно да се информира  јавноста.

Анџелина Џоли денес доаѓа во Македонија Press24Линк до оригиналниот напис: Анџелина Џоли денес доаѓа во Македонија

Датум и време на објавување: 16.03. 2016

Датум на рецензирање: 21.03.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ИЗОСТАВЕН ВАЖЕН ПОДАТОК

„Холивудската актерка Анџелина Џоли, денеска ќе го посети бегалскиот камп во Идомени.“

Текстот претставува лошо пренесена информација за настан што треба да се случи. Проблемот е во тоа што се наведува местото, односно кампот Идомени, но не се дообјаснува дека тој се наоѓа на грчката страна на македонско-грчката граница. Со испуштањето на овој податок, се остава простор да се манипулира со информацијата.

Насловот сосема погрешно ја лоцира информацијата, имајќи предвид дека познатата актерка во ниту еден момент немаше најавено дека ќе ја посети и Македонија, односно кампот „Винојуг“ кој се наоѓа на македонската страна на границата.

Исто така, информацијата подоцна не е поправена, ниту пак, во текстот за веќе одржаниот настан  е ставена забелешка дека познатата актерка немала планови да ја посети Македнија.

Ваквото информирање се коси со Кодексот на новинари, кој предвидува дека новинарот е должен да објави корекција на погрешната информација, како и дека не смее да прикрива информации.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Член 1

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. Член 3

Ваквиот начин на информирање создава впечаток дека се прави обид да се изманипулира јавноста за да се обезбеди поголема посетеност, што е спротивно на професионалните новинарски стандарди. Истовремено, објавувањето вакви информации може да создаде чувство на изиграност кај читателската публика, а тоа да се рефлектира на довербата кон медиумот и кон информациите што ги објавува.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

има во насловот

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести