verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловите со коментари немаат место во информативните жанрови

on 22 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #069 - 'Neziri bën pazar pa hanxhiun_ Shpall fitore të BDI-së, ende pa votuar shqiptarët! – LAJM' - lajmpress_com_neziri-ben-p

Напис: Незири се пазари без анџијата: Прогласува победа на ДУИ, уште пред да гласаат Aлбанците!

Шефот на изборниот штаб, Беким Незири, честиташе за одржувањето на овој собир и истовремено истакна дека ДУИ во сите нејзини разграноци одржува изборни собири на Младинскиот форум.

„Младинскиот форум е клучен сегмент за еден здрав политички субјект. Не се сомневам дека на 5 јуни ќе ја славиме следната победа во Липково и во цела Македонија. Почитувана младино, изборите на 5 јуни се најважни за ДУИ, но и за сите Албанци во Македонија“, известува „Журнал“.

Неколку политички партии на различни начини, уценувајќи и лажејќи, ги напаѓаат политиките на ДУИ. Нема ни албанска ни македонска политичка сила што може да ги запре залетот и силата на ДУИ предводена од Али Ахмети“, рече шефот на централниот изборен штаб, Беким Незири.

 

[Рецензија: „Незири се пазари без анџијата: Прогласува победа на ДУИ, уште пред да гласаат Aлбанците!“]

Насловот е првото нешто што читателот го забележува. Неговата атрактивност прави читателите да се интересираат за содржината на текстот, a, од друга страна, влијанието на целата содржина зависи од ударната сила на насловот. Меѓутоа, етичките правила на известување, колку што вредат за текстот, толку и за насловот. Според тие правила, доколку станува збор за информативни жанрови, коментарите и ироничните изрази не се дозволени ниту во насловот.

Lajm - Neziri ben pazar pa hanxhiun Shpall fitore te BDI-se ende pa votuar shqiptaretЛинк до оригиналниот наслов: Незири се пазари без анџијата: Прогласува победа на ДУИ, уште пред да гласаат албанците!

Датум и време на објавување: 14.03.2016, 10:56

Датум на рецензирање: 15.03.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Две различни уреднички политики стопени во еден напис, дале не толку соодветен резултат, оневозможувајќи пораката да се пренесе јасно. Ироничниот пристап во насловот не е соодветен на вестите, додека, пак, конкретниот напис има наслов со коментар и со иронија. Освен ова, текстот е земен од „Журнал“, а насловот е ставен од авторот од медиумот што ја презел веста. Меѓутоа, читајќи внимателно, забележуваме дека овие два елементи на овој напис не се совпаѓаат еден со друг. Насловот е критикувачки, а текстот е едноставна информација, оставајќи ја во сенка и без аргументи критиката што ја најавува насловот.

„Треба да биде јасно поделено, кои се факти а кои се информации и кои се коментари, претпоставки или ставови на авторот за да се избегне дезинформација и манипулација со јавноста“, се вели во етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија и понатаму се дополнува:

„Соопштенијата на политичките партии или другите групи и организации треба да бидат јасно нагласени, додека нивната обработка во редакцијата не смее да ги промени фактите, контекстот и значењето“.

Критиката е професионална обврска на новинарот, но истата треба да биде објективна, заснована на факти и поддржана од компетентни извори. Може да се цитираат закони, да се објавуваат дополнителни информации за пораката што се известува, но сето тоа треба да се извади надвор од субјективноста и од индивидуалното убедување на авторот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести