verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест се доказите!

on 22 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #071 - 'Cili ishte mesazhi i fundit i Mirsad Ndrecaj që i kishte dërguar Ali Ahmetit I Iliria News Agency' - ina-online_net_ci

Напис: Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети

Пред некое време семејството Ндрецај објави една телефонска порака што Мирсад Ндрецај, командант Нато, му ја испратил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На денот кога се навршија три месеци од кумановскиот конфликт, весникот „Лајм“ го посетил семејството на еден од водачите на вооружената група во судирите од 9 и од 10 мај во Диво Насеље во Куманово.

Братот на Мирсад, Илбер, ја покажал последната порака што тој му ја пуштил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, неколку месеци пред кумановскиот конфликт. Во оваа порака се гледа јасно револтот на Мирсад кон Али Ахмети, кого, меѓу друго, го нарекува и „падобранец и убиец“.

„Али Ахмети, албанскиот народ згрешил двапати: првиот пат кога во Косово дојде на власт Агим Чеку, и вториот пат, кога Али Ахмети дојде на власт во Македонија. Трнот кога ќе го извадите од ногата, не може да се врати пак таму. Народот не ги сака веќе убијците и падобранците. Набргу и народот ќе го види твоето вистинско лице, она што го знаеме ние. На твоите сценирања за да останеш на власт, прогонувајќи ги Албанците, им е дојден крајот. Мирсад Ндрецај – Командант Нато“, напишал Мирсад во последната порака испратена до лидерот на ДУИ. (ИНА)

[Рецензија: Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети]

Веста треба да биде базирана врз релевантни докази и факти. Една фотографија не докажува ништо, уште повеќе, кога автентичноста на истата не може да се одреди врз основа на тоа што се гледа како фотографија прикачена на веста. За ваков извор на информација, фотографија од телефонска порака, новинарот треба да обезбеди дополнителни докази, кои откриваат повеќе за односите меѓу споменатите, а не да го коментира вршејќи процени, нешто што, всушност, треба да прави читателот.

Во содржината се мешаат баби и жаби. Се зборува за една порака, почнува со еден телефонски разговор и спомнува една посета на весникот „Лајм“ на семејството на покојниот. Ова го збунува читателот, затоа што не се знае каде е ставен акцентот на веста.

„Пред некое време семејството Ндрецај објави една телефонска порака што Мирсад Ндрецај – командант Нато му ја испратил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На денот кога се навршија три месеци од кумановскиот конфликт, весникот „Лајм“ го посетил семејството на еден од водачите на вооружената група во судирите од 9 и од 10 мај во Диво Насеље во Куманово.“ 

Cili ishte mesazhi i fundit i Mirsad Ndrecaj screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети

Датум и време на објавување: 16.03.2016

Датум на објавување: 16.03.2016

Рецензент: Адриан Керими

„Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што повеќе извори, најмалку од два независни извори“.

Во еден од параграфите (во продолжение на веста), се нагласува едно друго име, кој според содржината е лицето што ја обезбедило фото-пораката. Ова, според стандардите на професионалното новинарство, е и насоката кон која треба да се третира проблемот. Лицето по име Илбер е клучно за да се докаже автентичноста на пораката, а неговото изложување (авторот не кажува дали се обидел да земе изјава од него или не), би открило и би го обелоденило ова прашање.

„Братот на Мирсад, Илбер, ја покажал последната порака што тој му ја пуштил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, неколку месеци пред кумановскиот конфликт. Во оваа порака се гледа јасно револтот на Мирсад кон Али Ахмети, кого, меѓу друго, го нарекува и „падобранец и убиец“.

Во текстот недостига другата страна, а според тоа што се чита во содржината, нема никаква индикација дека имало обид да се контактира со таа страна. Да се потсетиме на Етичкиот кодекс, член 1, параграф 5, кој гласи: „Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“ односно да им даде можност на двете погодени страни од новинарскиот производ да го изразат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот фрла сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика“.

Треба да се има предвид дека еден текст и една фотографија не се доволни за да се докаже кое било прашање за кое се известува. Дури и треба да се биде внимателен во вакви случаи, бидејќи освен фотографиите и аудиоснимката не може да се смета како доказ, туку само како основа за да се продолжи истрагата.

Меѓутоа, самата вест, колку што допира до емоциите на луѓето, толку е и тенденциозна. Во неа, освен што недостигаат елементите што ги спомнавме, не е потпишан и не се ни знае авторот. Вакво однесување веќе станува „обично“ за еден дел од медиумите на интернет (порталите), особено кога известуваат за деликатни и шпекулативни случаи. Тоа не треба да биде така.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

Не се исклучува можноста

Не се исклучува можноста

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести